Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нови 9 милиони евра за инвестиции во преработувачката индустрија од ИПАРД 2 програмата – Јавниот повик ќе биде објавен во јуни годинава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Нови 9 милиони евра за инвестиции во преработувачката индустрија од ИПАРД 2 програмата – Јавниот повик ќе биде објавен во јуни годинава
Фондови

Нови 9 милиони евра за инвестиции во преработувачката индустрија од ИПАРД 2 програмата – Јавниот повик ќе биде објавен во јуни годинава

Последна измена: 26/03/2024 10:05
Сподели
6 мин. за читање
Сподели

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, пред стартот на новата ИПАРД 3 прорама, која се очекува да започне со имплентација во третиот квартал од годината, објави ПРЕТХОДНА НАЈАВА за објавување на Јавен повик 01/2023 за доставување на барања за користење на средства по мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи” од областа на политиките за земјоделство и рурален развој на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД 2 Програмата 2014-2020).

Всушност станува збор за фонд од 9 милиони евра кои се преостанати од буџетот на ИПАРД 2 програмата.

Финансиските средства од ИПАРД 2 Програмата 2014-2020, во врска со спроведување на овој Јавен повик кој според објавта ќе биде ојавен во јуни 2023 година се наменети за поддршка на:
➢ Mерка 3 Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.
Притоа Јавниот повик 01/2023 ќе се однесува за сите сектори од мерка 3 со исклучок на градежни работи, освен во делот на“Набавка на опрема за производство на енергија од обновливи извори“.

Со оглед на специфичноста на јавниот повик поради временската рамка за реализација на активностите од ИПАРД Програмата 2014-2020, ги известуваме сите заинтересирани потенцијални корисници дека крајниот рок за реализација на инвестиции кои ќе бидат кофинансирани со овој Јавен повик e 30.05.2024 година, а рокот за поднесување на барањата за исплата е 30.06.2024 година.
Начинот и постапката за користење на финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2014-2020 се пропишани во Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерки за рурален развој финансирани од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија.
Јавниот повик ќе трае најмалку 45 дена од денот на негово објавување во дневните весници.

КОРИСНИЦИ

  • Правни лица (трговски друштва во рангот на микро, мали, средни претпријатија до 250 вработени и годишен обрт до 50 мил. €) и
  • Задруги.

Претпријатија кои не се опфатени со дефиницијата за микро и средни, но кои вработуваат помалку од 750 вработени и кои имаат годишен обрт кој не надминува 200 мил. €, може да бидат прифатливи како корисници, но во овој случај поддршката може да се додели за инвестиции посебно наменети да го надградат целиот систем во согласност со релевантните стандарди на ЕУ.

ПРИОРИТНИ СЕКТОРИ

  • Преработка на млеко и млечни производи;
  • Преработка на месо и месни производи (вклучувајќи јајца и живина);
  • Преработка на овошје и зеленчук (вклучувајќи компир, печурки и легуминозни култури);
  • Преработка на житарици, мелнички производи и скроб;
  • Растителни и животински масти и масла;
  • Шира, вино и оцет;
  • Производство на енергија со преработка на примарна биомаса од растително и животинско потекло, со исклучок на биомаса од рибни производи.

СОПСТВЕНОСТ

За земјиштето и/или објектите кои се предмет на инвестицијата барателот треба да докаже:

  • Сопственост или
  • Договор за закуп

(најмалку 7 години од денот на поднесување на барањето).

ПРИФАТЛЛИВИ ИНВЕСТИЦИИ

Купување и/или инсталација на нови машини и опрема/инструменти за:

  • Сортирање, прибирање, складирање и разладување на собирните места;
  • Преработка, пакување, разладување, замрзнување, сушење итн. и складирање (вклучувајќи и манипулација);
  • Воведување на производство на нови производи, нови технологии и процеси;
  • Заштита на животната средина;
  • Производство на енергија од обновливи извори на енергија;
  • Подобрување и контрола на квалитет и безбедност на суровините и готовите производи.
  • Купување на специјални транспортни резервари и приколки за транспорт на суровините вклучувајќи и транспорт на живи животни;
  • Купување и/или инсталирање нови машини и/или опрема за заштита на животната средина, вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија;

ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА

  • Висината на финансиската поддршката изнесува до 50% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата.Горната граница се зголемува за 10 процентни поени за:
    • Инвестиции во опрема со цел подобрување на енергетскатата ефикасност;
    • Инвестиции во опрема за производство на био-енергија во случај на преработка на производи (суровини), како и преработка на примарна и секундарна биомаса од животни и растенија;
    • Инвестиции во опрема за производство на енергија од други обновливи извори на енергија со цел задоволување на сопстевните потреби за енергија;
    • Инвестиции за опрема за третман на вода/отпадна вода.

За повеќе информации околу повикот и подготовка на апликации можете да се обратите во #КанцеларијаАгротим на телефонските броеви – 070/ 267- 789, 071/ 285- 385, 071/ 225 – 345

Може да ви се допадне

Субвенции од 100% за набавка на ГОРИВО за земјоделска механизација
Субвенционирање на КАМАТНА СТАПКА, предвидува новиот закон за земјоделство и рурален развој
Заменик министерот за земјоделство, Флакрон Беџети си поднесе оставка
Трипуновски на средба со претставници на синдикати
ЕУ планира нови субвенции за земјоделците за заштеда на вода
Таг:ипардипард 2мзшвнајновонова меркасубвенциифондови
Претходен напис Болеста жолта ‘рѓа се шири на нивите со пченица во Србија
Следен напис Освен на неповолните временски услови, земјоделците се изложени и на алергени – Како да се заштитите?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?