Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нова техника за борба против маларијата во Африка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нова техника за борба против маларијата во Африка
Агровести

Нова техника за борба против маларијата во Африка

Објавено 20/12/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Професорот Абдулај Дијабате од Буркина Фасо е добитник на наградата „Ѕидови кои паѓаат“ за наука и управување со иновации за 2023 година, за неговото истражување, за кое организаторите велат дека „нуди надеж за контрола на маларијата“.

– Иновативните алатки за контрола на маларијата се единствениот начин да се победи болеста. Иако мрежите (за комарци) вршат одлична работа, има широка отпорност на инсектициди кај различните видови комарци, особено кај оние што пренесуваат маларија. Затоа е тешко да се победи маларијата со овие досегашни конвенционални алатки. Исклучително е важно да се биде иновативен и да се создаваат нови алатки коишто можат да ги надополнат постоечките. Во спротивно, нема шанси да ја победиме маларијата, изјави Дијабате.

Според тоа, „специфичните прашања“ околу технологијата за управување со гените може да биде клучна кога ќе биде воведена како пракса.

Научникот, инаку, раководи со Одделот за медицинска ентомологија и паразитологија на Институтот за истражување на здравствените науки во Буркина Фасо. Според наводите, тој развива иновативна техника што потенцијално би можела да ги уништи видовите комарци што пренесуваат маларија со менување на гените на самите инсекти.

Како што пишува Си-ен-ен, Дијабате бил единствениот Африканец меѓу 10-те добитници на светско ниво на годинешното доделување на престижната научна награда.

Маларијата е водечка причина за смртност во Буркина Фасо, каде што речиси сите 22 милиони жители, особено децата, се изложени на опасност од оваа болест. Според последните податоци на Светската здравствена организација (СЗО), во 2021 година маларијата убила речиси 19.000 луѓе во оваа западноафриканска земја. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Африкаборбамаларијататехника
Претходен напис Симулациската вежба за „Управување со жаришта на африканска чума кај свињите кај домашната и дивата популација на свињи”
Следен напис МЗШВ институција со највисоко ниво на транспарентност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?