Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нова сорта дурум пченица отпорна на суша, официјално е пуштена за одгледување во Мароко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нова сорта дурум пченица отпорна на суша, официјално е пуштена за одгледување во Мароко
Агровести

Нова сорта дурум пченица отпорна на суша, официјално е пуштена за одгледување во Мароко

Објавено 09/01/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нова сорта тврда (дурум) пченица отпорна на суша наречена Џабал (Jabal), што на арапски значи планина, официјално е пуштена за одгледување во Мароко. Создаден е по неколку децении истражување во кое се вклучени земјоделци и научници од банката за гени во Меѓународниот центар за земјоделски истражувања во суви области ICARDA со поддршка на Crop Trust.

Добиена е со вкрстување на култивирана и дива пченица

Создадена е со вкрстување на култивирана тврда пченица со Aegilops speltoides, позната како козја трева, сродна со пченицата што научниците ја собрале во суровите, суви висорамнини на Сирија. Избрана е при истражување во консултација со земјоделците, бидејќи се издвојувала по отпорноста на суша, која е главната причина за стрес во областите каде што се одгледува. Дурум пченица се одгледува за производство на тестенини, но во овој дел од светот е незаменлива во исхраната на луѓето бидејќи се користи за подготовка на кускус и булгур, кои се основата на исхраната во Северна Африка и Блискиот Исток.

За разлика од другите сорти што се одгледуваат во регионот, гените добиени од дивите видови и овозможиле на Џабал пченицата да напредува и покрај некои од најлошите суши што ги доживеале земјоделците. Првпат беше оценета како дел од проектот Crop Wild Relatives CWR и сега е официјално регистрирана за одгледување од страна на мароканското Министерство за земјоделство по двегодишната програма за тестирање на неколку локации. Комерцијалното семе се очекува да биде во рацете на производителите во следните три години.

Соработка меѓу земјоделците и научниците

Ова истражување е дел од проектот кој користи разновидност на културите за развој на отпорни сорти не само на тврда пченица, туку и на јачмен, луцерка, просо, ориз, компир и трева, кои можат да ги издржат ефектите од климатските промени.

„Клучен дел од овој проект е вклученоста на земјоделците“, рече Филипо Баси, менаџер на проектот. Тој посочува дека нивното знаење и способност да ги идентификуваат најдобрите особини во секоја сорта е од големо значење. Врз основа на ова, можно е да се создадат оние кои се вклопуваат во нивниот земјоделски систем и со тоа да се подобри работата, но и животот на одгледувачите.

Може да ви се допадне

Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Таг:Jabalдурумдурум пченицатврда пченицаЏабал
Претходен напис Од полноќ поевтинува дизелот, цената на бензините останува иста
Следен напис Новата сорта домати дава приноси и до 71 тон по хектар!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?