Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нова храна за живината – Протеините од тревата ја заменуваат сојата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нова храна за живината – Протеините од тревата ја заменуваат сојата
Агровести

Нова храна за живината – Протеините од тревата ја заменуваат сојата

Објавено 02/01/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во проектот ProGrün на Универзитетот Хохенхајм, истражувачите произведоа храна за живина богата со протеини од трева која може целосно да ја замени сојата. Досега, тревата и другите зелени растенија можеа да ги консумираат преживарите и да имаат корист од аминокиселините што ги содржат.

„Составот на аминокиселините во протеинскиот екстракт приближно одговара на оној на сојата“, објаснува проф. д-р Родехутскорд, од Одделот за исхрана на животните во Хохенхајм. Тој изјави дека се работи за производ кој е погоден за исхрана на живина и свињи.

За екстракција се користел биорафинерски тест објект. Од околу 45 тони свежо искосена трева успеале да извлечат вкупно еден тон од оваа храна.

Првиот чекор бил да се исецка тревата, а потоа ја пресувале. Сокот што го добиле содржел високо ниво на растворливи протеини, како и разни други состојки. Во експериментот, две третини од протеинот останале во пресуваната погача. Со првите 50 килограми ја хранеле живината која добро ја прифаќала ваквата храна.

Долгорочно, протеинскиот екстракт може да се користи во исхраната на луѓето, а се очекува да се користи и во биоекономијата како пластика на биолошка база, за хартија, ѓубриво или како енергија.

За разлика од обработливото земјиште, користењето на пасиштата не е во конкуренција со производството на храна. Се очекува дека ова откритие би можело да го намали увозот на соја од странство. Азотните соединенија кои се извезуваат со добиточна храна недостасуваат во земјите производители, додека во Европа има вишоци во вид на органски ѓубрива.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:живинатапротеинисојатахрана
Претходен напис Утрово најстудено во Берово, најтопло во Крушево
Следен напис За пчелните семејства јануари е период на целосен мир, дали е правилно пчелите да се прихрануваат во овој период?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?