Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нов протест на земјоделците во Брисел 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нов протест на земјоделците во Брисел 
Агровести

Нов протест на земјоделците во Брисел 

Објавено 26/03/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Неколку земјоделски организации за денеска закажаа нов протест на земјоделците во Брисел, трет од почетокот на годината. Повод за протестот е денешното заседание на Советот за земјоделство и рибарство на ЕУ. 

Како организатори на протестот се јавуваат меѓународната организација Виа Кампесина (Селски начин) со седиште во францускиот град Бањоле и белгиската валонски здруженија Федерацијата на млади фармери (ФЈА), Валонската земјоделска федерација (ФВА) и Обединета федерација на групите на полјоделци и фармери (ФУГЕА). 

Според најавите, протестот ќе започне во 10.30 часот со „симболична акција“ на улицата „Лоа“ која води од центарот на Брисел кон плоштадот „Шуман“ каде што се наоѓаат зградите повеќе институции на Унијата, меѓу кои и на Европската комисија и Советот на ЕУ.   

– Овој вторник дојдете да го слушнете гласот на земјоделците пред Европскиот совет, наведе ФЈА во повикот за протестите. ФЈА признава дека е постигнат одреден напредок од стартот на земјоделските протести, но нагласува дека „тоа не е доволно“. – Очекуваме Европа да продолжи да се движи во корист на земјоделците, додава Федерацијата. 

Главните барања на земјоделците се насочени кон „правично наградување“, како и раскинување на договорите за слободна трговија на ЕУ со трети земји. 

И во рамките на овој протест, како и на претходните два одржани на 1 и на 26 февруари, се очекува земјоделците со неколку стотици трактори да блокираат повеќе улици во Брисел, кои водат кон т.н. „европски кварт“ на градот, каде се стационирани институциите на ЕУ. 

Портпаролката на полициската зона „Брисел-Иксел“, Илсе Ван де Кер во изјава за „Брисел Тајмс“ потврди дека полицијата е информирана за протестот и е „целосно подготовка за акција“ со цел да не се повторат инцидентите од протестот на 26 февруари кога земјоделците запалија бали од слама и тракторски гуми во близина на плоштадот „Шуман“ и ги гаѓа полицајците со измет, петарди, портокали и шишиња, на што полициските сили одговорија со употреба на солзавец. 

Инаку, на заседанието на Советот за земјоделство и рибарство ќе стане збор за структурните одговори на ЕУ на актуелната состојба во земјоделскиот сектор и на пазарот на земјоделски производи во контекст на руската инвазија на Украина. 

Според најавата, министрите за земјоделство на земјите членки на ЕУ ќе разменат мислења по информацијата од Европската комисија за предлозите и иницијативите преземени по претходното заседание на Советот за земјоделство и рибарство одржано на 26 минатиот месец. 

Во делот на дискусијата за влијанието на руската агресија врз Украина на земјоделските пазари на ЕУ, пред неговите европски колеги ќе се обрати и украинскиот министер за аграрна политика и храна Микола Солски. 

Дополнително, белгиското претседателство со ЕУ ќе поднесе извештаи од дебатите посветени на иднината на земјоделството и Заедничката земјоделска политика, како и од симпозиумот насловен „Повик за грижа за благосостојбата на животните“. 

Австрија ќе го информира Советот за резултатите од дебатата за предизвиците за европските земјоделски и шумарски бизниси од регулативата за уништување на шумите. Летонија за исходот од состанокот на министрите одговорни за земјоделство на земјите од нордиско-балтичкиот регион.  

На барање на Франција ќе се разговара за претстојниот избор на нов генерален директор на Светската организација за здравје на животните, а на иницијатива на Шпанија за развојот на новите геномски техники. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бриселземјоделцитепротест
Претходен напис Умерено облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд
Следен напис Британските фармери со трактори протестираа пред Парламентот во Лондон
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?