Жител на Кавадарци стана милионер откако го погоди големиот џекпот на Државната лотарија, вреден околу 1,3 милиони евра. Ливчето било купено во локалното продажно место „Браво нутс“.
Добитната комбинација е:
10, 1, 8, 4, 5, 2, 11, односно 1, 2, 4, 5, 8, 10 и 11.
Ова е една од најголемите исплатени лотариски награди во градот и предизвика голема возбуда меѓу граѓаните. Среќниот добитник го промени својот живот буквално преку ноќ, а вниманието на јавноста сега е насочено кон него.
