Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нов, изолиран случај на африканска чума кај домашни свињи во село Петралица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нов, изолиран случај на африканска чума кај домашни свињи во село Петралица
Агровести

Нов, изолиран случај на африканска чума кај домашни свињи во село Петралица

Објавено 20/06/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Потврден е нов, изолиран случај на болеста африканска чума кај питомата популација свињи во село Петралица, општина Ранковце, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Според АХВ, Петралица се наоѓа во високоризичната зона во однос на африканската чума. Станува збор за нерегистрирано и неевидентирано одгледувалиште каде за сопствени потреби се чувале три свињи од кои две угинале и каде не биле спроведени биосигурносни мерки.

Во текот на денешниот ден, донесено е Решение за контролни и заштитни мерки во однос на болестa африканска чума кај свињите и извршена е депопулација на 1 свиња (од трите кои се одгледувале), а спроведени се и мерки за чистење и дезинфекција.

-Заштитни и контролни мерки за спречување на ширење и ставање под контрола на болеста ќе бидат спроведени и во контактните одгледувалишта. За повторната појава на болеста официјално ќе биде известена и Светската организација за здравствена заштита на животните – WOAH и Европската комисија.

Воспоставени се заштитна зона во радиус од 3 км околу потврденото жариште коja гo вклучува населеното место Петралица, општина Ранковце и зона под надзор во радиус од 10 километри. Во заштитната зона ќе се спроведат мерки за одземање, убивање и нештетно отстранување на сите свињи кои се наоѓаат во одгледувалиштата каде болеста ќе биде потврдена, како и во сите контактни одгледувалишта, освен во комерцијалните одгледувалишта кои се категоризирани со низок ризик во однос на имплементираните биосигурносни мерки. За одземените и нештетно отстранети свињи одгледувачите ќе бидат обесштетени согласно Законот за ветеринарно здравство и Упатството за определување на пазарна вредност на животните кои се одземаат, информира АХВ.

Агенцијата најавува и дека ќе се спроведе епидемилошко испитување за да се утврди можниот извор и евентуалното ширење на болеста, како и попис и идентификација на сите свињи во одгледувалиштата во рок од 7 дена во заштитната и 15 дена во зоната под надзор. Свињите од зоната под надзор ќе се пратат на економско искористување со колење во одобрена кланица. Од закланите свињи ќе се земаат мостри заради официјална потврда на присуство или отсуство на вирусот на болеста.

Кланицата ќе им исплаќа надомест за закланите свињи на сопствениците во висина на кланичната вредност, утврдена со договор. За закланите свињи Агенцијата ќе ја исплаќа разликата од проценетата пазарна вредност.

-Забрането е чување на свињи на отворено. Сите свињи кои ќе се затекнат на отворено, без оглед дали се наоѓаат во заштитната или зоната под надзор ќе бидат одземени и нештетно отстранети на товар на сопственикот на животните без надомест. Доколку свињите се чуваат во објект со испуст и во двете зони, објектот мора да биде обезбеден со двојна ограда со минимална висина од 1,5 метри и растојание меѓу двете огради од најмалку еден метар.

Опасноста од ширење на болеста не е помината и затоа АХВ апелира до огледувачите на свињи да водат сметка и да ги одржуваат биосигурносните мерки на фармите, ловните друштва да ја почитуваат обврската за пребарување на угинати диви свињи на ловиштата, бидејќи како и во минатото, дивата популација е главниот резервоар на вирусот на болеста африканска чума кај свињите, наведува АХВ.

Агенцијата апелира, бидејќи е време на летни одмори, граѓаните да не носат храна од животинско потекло, особено не месо и производи од свинско месо.

-Африканската чума исклучително лесно и брзо се пренесува и шири, не постои вакцина и може да му нанесе огромни штети во свињарството, потсетува АХВ.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Претходен напис Дваесетина сандаци со пчелни семејства уништени од мечка
Следен напис МЗШВ: Аплицирајте за субвенции за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?