Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нивото на водата во браната Калиманци на 5 сантиметри од прелевање
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нивото на водата во браната Калиманци на 5 сантиметри од прелевање
АгровестиШумарство и водостопанство

Нивото на водата во браната Калиманци на 5 сантиметри од прелевање

Објавено 12/06/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Силното невреме и поплавите што изминатите денови предизвикаа значителна материјална штета во Делчево, во опасност ја доведоа и браната „Калиманци“. Надојдените води ја преполнија вештачката акумулација, а нивото на водното огледало се искачи на 5 см до прелевање. За среќа, врнежите престанаа и дотокот опадна.

-Некаде околу 20 см сме под преливот и паѓа уште дотокот на вода. Денес околу 14.00 часот повторно ќе имаме мерење, меѓутоа опаѓа дотокот и повеќе испуштаме откоку што се полни акумулацијата. Така што, не постои опасност, моментално, ептен ако некои екстремни врнежи се случат, но тоа не можеме да го предвидиме, изјави вчера за Сител Благојчо Богатинов, директор на Водостопанство „Брегалница“.

Водата се испушта преку хидроцентралата, што значи дека е зголемено производството на електрична енергија. Низводно од браната, како превентива од можни поплави се чисти коритото на р. Брегалница и другите помали реки и канали.

-Ние со наша механизација реагираме каде што има потреба и до сега ја држиме состојбата под контрола и мислам дека нема да има проблеми, додаде Богатинов.

Во браната „Калиманци“ во моментот има 115 милиони кубни метри вода. Наводнителната сезона за оваа година е сигурна, а Богатинов смета дека половина од акумулираните количини ќе останат и за догодина.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:калиманци
Претходен напис Земјено прскање против комарци во Скопје
Следен напис Најмногу дожд изминатите 24 часа наврна во Крива Паланка, Струмица и Дојран
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?