Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нивото на Треска и натаму расте, поплавени ниви и ливади
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нивото на Треска и натаму расте, поплавени ниви и ливади
Агровести

Нивото на Треска и натаму расте, поплавени ниви и ливади

Објавено 30/11/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вчерашните врнежи од дожд што го зафатија Кичевско-бродскиот регион, предизвикаа нов пораст на и онака преполнетите речни корита.

Најмногу грижи на жителите им задава најголемата река Треска, која продолжи да се излева кај селата Вранештица, Лисичани и Пласница и низводно кај Македонски Брод, од Пешна до село Девич.

Фото: принтскрин/MIA

– Последните врнежи од дожд во регионот ги зголемија водотеците, а во тој поглед предничи најголемата река Треска, која вчера веќе се излеа на поголеми површини ниви и ливади. По новиот пораст измерен денеска, состојбите барем наредните неколку дена нема да се подобрат. Така вчера нивото на Треска беше пораснато на 132 сантиметри, а денеска на мостот кај Македонски Брод да бидат измерени 170 сантиметри, што е реална опасност реката да се излее во пониските делови, вели Миле Стојкоски од РЦУК – Македонски Брод.

Фото: принтскрин/MIA

Снегот кој утринава почна да врне во регионот засега не предизвикува проблеми во одвивање на сообраќајот.

– Првиот годинешен снег во нашиот регион не предизвика никакви проблеми. Висината на снежната покривка се движи од 7 сантиметри во пониските делови, до 20 сантиметри во ридско-планинските села. Засега немаме информации за проблеми во одвивање на сообраќајот, а бидејќи снегот престана да врне, очекуваме состојбата наскоро целосно да се стабилизира, додаде Стојкоски.

МИА

Може да ви се допадне

Минималните трошоци во јули 68.498 денари, намалени за 156 денари
Нивото на Дунав во Романија најниско во последните 30 години, нарушен бродскиот сообраќај и земјоделството
Трет третман на терестичка дезинсекција на територија на Општина Куманово
Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места низ градот се дели пакувана вода за пиење
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателката на Индија
Таг:треска
Претходен напис Зголемени водостоите на Охридското и Преспанското Езеро
Следен напис Дебарско под снег, внимателно возење на сите патни правци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?