Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Значаен е договорот со Украина со кој ќе имаме бесцарински извоз на нашите земјоделски производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Значаен е договорот со Украина со кој ќе имаме бесцарински извоз на нашите земјоделски производи
Агровести

Николовски: Значаен е договорот со Украина со кој ќе имаме бесцарински извоз на нашите земјоделски производи

Објавено 19/06/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За нас значаен е договорот со Украина со кој ќе имаме бесцарински извоз на нашите земјоделски производи, ратификуван од двете страни, како и Програмата за откуп на овошје, при што за првпат ќе се откупува праска, кајсии и многу други домашни македонски производи, а во следните 28 недели секое дете ќе добива по 1 килограм здрав македонски домашен појадок овошје и зеленчук, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Тој денеска по увидот на санација на систем за наводнување „Макарија“ кај Росоман, во одговор на новинарско прашање како државата ги штити земјоделците по поплавите, посочи дека државата во секој поглед им помага на земјоделците, а општините се тие кои ги активираат механизмите согласно Законот за заштита и спасување. Надлежност на општините е да формираат Комисии.

-Комисиите излегуваат на терен и одговараат на барањата на земјоделците. Се прават елаборати, се докажува штетата од поплавите и согласно постапката, се утврдуваат елаборати. Советот откако ќе ги усвои, ги доставува до Владата. Ние постапуваме во секој поглед, се исплаќаат штети по однос на сите општини и посебно во овој регион сме покажале исплати на штети кон Росоман, кои одат експресно брзо веднаш штом ќе бидат извршени постапките, рече Николовски.

Тој исто така информираше дека Владата ја усвои интервентната програма, односно интервентниот фонд.

-Минатата година до овој момент имавме драстично поголем број на мерки кои што беа усвоени и кои се кои што беше побарано интервентно да реагираме дали е тоа за зголемената цена на вештачкото ѓубриво, дали е дополнителна поддршка за млеко и за откуп на други земјоделски производи. Оваа 2023 година до сега имаме утврдено само една мерка. Тоа говори дека највисоките откупни цени кои се постигнаа кај тутунот, кај лозјето, кај житните култури особено минатата година и кај оризот кој доживеа историски највисока цена, се рефлектираа токму оваа година, каде немаме потреба, а имаме средства, додаде Николовски.

Тој информираше дека со Украина е потпишан договорот за слободна трговија во делот на земјоделството, кој што е ратификуван во македонското Собрание, но и во Украина.

-Ова значи дека наскоро ќе имаме без царински извоз на сите оние приоритетни наши култури, кои сме ги определиле, сите оние кои се извозно ориентирани, а се дел од овој договор, а тоа е потрвда дека не седиме, туку отвораме нови можности особено пазари кои се огромни, додаде Николовски.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:ДоговорНиколовскипроизводиУкраина
Претходен напис Инвестирајте во изградба на ФАРМИ И МЛЕКАРНИЦИ – 60% поврат на средства преку ИПАРД 3 програмата или максимални 750.000 евра!
Следен напис Премиерот Ковачевски и министерот Николовски извршија увид во санацијата на системот за наводнување ,,Макарија” кај Росоман 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?