Заедно со директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски, министерот Љупчо Николовски денеска беше во увид на браната Тиквеш. Водата од оваа акумулација се користи за полнење на каналите преку кои се наводнуваат земјоделските површини во тиквешкиот регион. Оттаму Николовски порача дека земјоделците треба да бидат спокојни, бидејќи вода за земјоделските површини има.

„Од тука сакам да упатам порака до земјоделците да бидат спокојни и да не потпаѓаат на лажни вести, вода за земјоделските површини има. Како никогаш досега Министерството вложува во реализација на капитални проекти за изградба на нови системи за наводнување, брани, и мали системи за наводнување, се со цел стабилно водоснабдување на земјишните површини и зголемено домашно производство. Работиме неуморно, посветено и одговорно, давајќи поддршка за секој еден земјоделец.“, рече Николовски.



