Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски во посета на земјоделците од штипскиот регион
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски во посета на земјоделците од штипскиот регион
Агровести

Николовски во посета на земјоделците од штипскиот регион

Објавено 03/04/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделецот Марјан Мишев од штипската приградска населба Стар Карорман има нов трактор со помош од државата. Тој од националната Програма  доби 1.200.000 денари за да си купи трактор за обработка на неговата земја. Мишев е успешна приказна, а денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во техничката Влада го посети во Стар Карорман. Николовски истакна дека во изминатите години се давало шанса на секој апликант.

-Нема селекции, лошата слика во земјоделството преку уцените, притисоците и селективноста во минатото ја испративме и оставивме во минатото. Земјоделецот денеска има верба во институциите и заедно партнерски градиме доверба и нови мерки, вели Николовски.  

Тој посочи дека затоа нашата земја е лидер во регионот во реализацијата на ИПАРД 2 Програмата која почна во 2017 година, а веќе е завршена. Во нејзините рамки се реализирани 2.100 договори, а веќе се исплатени 63.100.000 евра кон апликантите.

-Нема ниту едно населено место во државата, каде што нема да ја сретнете таблата на ИПАРД. ИПАРД Програмата е важна поддршка на ЕУ за земјоделците и значи развој и модернизација на земјоделството и кога збориме за модернизација нема напредок без инвестиции, вели Николовски.

Тој забележа дека преку оваа Програма се прошируваат преработувачките капацитети, се отвараат нови работни места и директно се помага македонската економија. Николовски истакна дека со ИПАРД 3 Програма во првиот јавен повик на земјоделците им стојат на располагање 30 милиони евра, а до нив се веќе доставени апликации кои се вредни над 90 милиони евра и тоа какошто рече Николовски се квалитетни, вистински апликации од земјоделците.

-Со новата ИПАРД Програма предвидуваме и авансна исплата за првпат во 50 проценти, веднаш по потпишувањето на договорите што е значајна предност и олеснување за земјоделците да не се задолжуваат и да не мислат како ќе ги обезбедат парите. Туку веднаш по потпишувањето на договорот имаат можност да добијат 50 проценти аванс, вели Николовски.

Тој додаде дека младите земјоделци кои аплицираат во оваа Програма добиваат и поголем процент на кофинансирање. Николовски при денешната посета на земјоделците во штипскиот регион истакна во наредните четири години преку ИПАРД 3 Програмата на располагање ќе имаат над 200 милиони евра.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:земјоделцитеНиколовскипосеташтипскиот регион
Претходен напис Следните денови сончево, со пораст на температурите
Следен напис Николовски: Со реализирани 63,1 милиони евра за над 2.100 реализирани инвестиции успешно ја заокружуваме ИПАРД 2 програмата, и веќе ја испишуваме новата ИПАРД 3 успешна приказна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?