-Во финална фаза е постапката за објавување на наменски јавен оглас, за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп за стратешките полјоделски култури – изјави вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
-Заинтересираноста е голема, 6000 хектари државно земјоделско земјиште ќе биде ставено на располагање на земјоделците. Ги правиме сите напори, секоја педа обработливо земјоделско земјиште да биде во рацете на вистинските земјоделци, се со цел зголемување на домашното земјоделско производство – рече Николовски
Напишете коментар