По изјавата на српскиот претседател Вучиќ дека Србија на барање на Македонија ќе испорача 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка, синоќа се огласи и Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.
„Во државата има сосема доволна количина пченица и пченка. Во домашните мелници има залиха од 45.000 тони пченица, количини кои се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта. Министервата за земјоделство на Република Северна Македонија и Република Србија имаат континуирана комуникација за сите земјоделски производи што се извезуваат и узвезуваат од двете страни, вклучително и за пченица и пченка. Споменатите количини се во годишните планови на стопанските субјекти, кои им се планирани да ги увезат до почеток на жетва со цел како и секоја година да бидат покриени потребите на домашниот пазар и работата на мелниците, пекарите и други субјекти, не за потребите на државата или стоковите резерви,“ напиша синоќа Николовски на Фејсбук.
