Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Во Агро советот нема да се крои политика, туку ќе се наоѓаат реални решенија за земјоделството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Во Агро советот нема да се крои политика, туку ќе се наоѓаат реални решенија за земјоделството
Агровести

Николовски: Во Агро советот нема да се крои политика, туку ќе се наоѓаат реални решенија за земјоделството

Објавено 07/07/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Секој што мисли дека Агро советот ќе биде место на кое ќе се бара се и сешто и дека ќе има други влијанија, веднаш ќе му се заблагодариме. Овде нема да се крои политика, туку секој со својот ум, концепт и идеи ќе разговара и ќе нуди предлози и решенија, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на денешната конститутивна седница на Советот за земјоделство и рурален развој што се одржа во Владата.

Приоритет на Советот, потенцира Николовски, ќе биде домашното производство и обезбедувањето храна.

Министерот најави дека следуваат нови мерки со кои ќе се предвиди поддршка за есенската сеидба. Мерките ќе ги креира Агро советот во текот на летото.

Пред членовите на Советот, Николовски се осврна на сработеното во изминатите месеци, потсетувајќи дека е донесен Националниот план за поддршка на производството на храна.

Според него, земјава, како и останатите држави во светски рамки, е исправена пред голем предизвик – кризата која се продлабочи со руско-украинскиот конфликт.

-Максимална е мобилноста во светот за обезбедување храна. Ние преземаме навремени чекори за поддршка на земјоделството, во соработка со сите засегнати страни и релевантни чинители. Во тој контекст и Агро советот има обврска, пред се кон државата, да предлага, дискутира и изнаоѓа реални решенија. Убеден сум дека ќе го дадеме својот максимум. Наша задача ќе биде да ги мотивираме земјоделците целото домашно производство да биде предадено, пред се, во домашните преработувачки капацитети, истакна Николовски.

Тој, како што напомена, од Советот очекува широка, конструктивна дебата.

На предлогот на Министерството за земјоделство, Владата донесе Одлука за повторно активирање на Советот за земјоделство и рурален развој кој првпат е основан во 2012 година, но ниту еднаш досега не заживеа во формата за која беше креиран со Законот за земјоделство и рурален развој.

Во Агро советот учестуваат претседателите на постојаните потсекторски групи, претставници на здруженија на производители, преработувачи, стопански комори, претставници на науката, на потрошувачите и претставници од здруженијата на единиците на локалната самоуправа и здруженијата за заштита на животната средина.

Може да ви се допадне

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане
Засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај во Охрид по повод посетата на индиската претседателка
Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив и опрема на плажите
Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена, отворена истрага против три лица
ЦУК: Повеќето пожари во Скопскиот регион се ставени под контрола, интервенции се уште траат на три локации
Таг:Агро Совет
Претходен напис Секое зголемување на температурата за 1°C го намалува приносот на пченицата за седум проценти
Следен напис Горивата поевтинуваат од 2,5 до 3 денари за литар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?