Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Тутунарите оваа недела ги добиваат своите заслужени субвенции
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Тутунарите оваа недела ги добиваат своите заслужени субвенции
Агровести

Николовски: Тутунарите оваа недела ги добиваат своите заслужени субвенции

Објавено 01/06/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски вчера гостуваше во „Тема на денот“ на Сител телевизија.

-Преку денешното едногласно изгласување на измените за Законот за земјоделство и рурален развој во Собранието покажавме консензуалност и политичка култура, потенцираше министерот Љупчо Николвоски.

„20.000 семејства производители на тутун да не се грижат за своите заслужени субвенции, парите се тука резервирани, и во текот на оваа недела над 20 милиони евра ќе им бидат исплатени на земјоделците. Благодарност до претседателот на државата и на Собранието, до пратениците и до сите чинители. Се надевам дека ќе продолжи оваа позитива и едногласно без одолговлекување ќе се донесат сите преостанати закони кои значат директна поддршка за секој земјоделец во услови на криза.“ изјави министерот Николовски.

Измените на законот за земјоделство и рурален развој за прв пат воведуваат можност за авансна исплата на субвенциите од оваа година. За прв пат во 2022 година ќе се исплатат субвенции од програма од 2022 година. Младите фармери ќе добијат 40% аванс за стартап грантовите од 20.000 евра, а отвараме можност и за кофинансирање на зелена нафта до 100%.

Во услови на криза обезбедуваме поддршка за секој земјоделец. Подготвивме Национален план за производство на храна каде со конкретни интервентни мерки го помагаме домашното производство.

„Преку ребалансот обезбедуваме нови 500 милиони денари во Интервентниот фонд поддршка и за есенска сеидба, поддршка за производство на стратешки култури, зголемена поддршка за заклани јагниња, гоеници и несилки, како и поддршка за млеко и вино. Интересот кај земјоделците е голем и токму затоа очекуваме постигнување на нашата зададена цел. Како што пред 3 години успеавме да го зголемиме производството на јачмен, ќе успееме и сега да го дуплираме производството на сончогледот, пченката и пченицата, а со тоа и да ја намалиме увозната зависност“, изјави министерот Николовски.

Во овие кризни моменти потребно е единство, а не делби. Само обединети можеме да излеземе полесно од оваа голема економска криза. Наместо политика и блокади да работиме заедно обединети во интерес на земјоделците, а денешното единство нека биде само почеток.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:Николовски
Претходен напис Промоција на македонски „Премиум производи“
Следен напис Николовски: Преку измените на Законот за земјоделство и рурален развој младите фармери ќе добијат 40% аванс за стартап грантовите од 20.000 евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?