Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, информираше дека денеска во просториите на МЗШВ се одржал состанок со турска компанија која е заинтересирана да изгради голем откупен центар во индустриската зона Жабени.

„Продуктивен состанок со турските инвеститори Зорлу кој веќе во Демир Хисар имаат сопствена фабрика за преработка со капацитет за откуп до 50.000 тони. Оваа компанија е заинтересирана во индустриската зона Жабени да изгради голем откупен центар. Ова е значајна инвестиција за Ресен и Преспа со која даваме уште поголема сигурност на земјоделците.“, рече Николовски.

