Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Ставаме на располагање 500.000 евра за производителите на зимска зелка на отворено преку Интервентната програма
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Ставаме на располагање 500.000 евра за производителите на зимска зелка на отворено преку Интервентната програма
Агровести

Николовски: Ставаме на располагање 500.000 евра за производителите на зимска зелка на отворено преку Интервентната програма

Објавено 12/04/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во Валандово одржа средба со производителите на зимска зелка на отворено. На средбата, министерот Николовски ги информираше производителите дека се подготвува нова интервентна мерка со која Министерството преку Интервентната програма ќе им излезе во пресрет на производителите на зимска зелка на отворено. Беше презентиран предлог за мерката, кои услови треба да бидат исполнети, начинот на аплицирање, а се разговараше и за одредување на најоптималните рокови за поднесување на барања, со цел никој да не биде оштетен.

Станува збор за производство на расадена зимска зелка на површина од околу 500 хектари, од валанадовско-гевгелискиот регион. Министерството предложи производителите на зимска зелка да добијат финансиска поддршка за остварено производство, за која цел од буџетот на Интервентната програма ќе се издвојат 500.000 евра, сума со која се опфатени сите производители, со што уште еднаш докажуваме дека се грижиме за секој еден земјоделец.

Интервентната програма е нова програма која ја креиравме уште пред почетокот на кризата и која за цел имаше токму вакви ситуации, да имаме однапред обезбеден буџет за да интервенираме секаде каде ќе биде потребно.

Крајниот рок за поднесување на барањата и сите детали за креирањето на мерката дополнително ќе се утврдат. Она што е најважно е дека Министерствто ќе интеревенира со 500.000 евра, пари кои се веќе обезбедени.

Сето ова е потврда дека Министерството вистински се грижи за домашното производство. Секогаш сме тука за да им помогнеме на сите земјоделци и вложуваме реални напори да го одржиме и да го зголемиме домашното производство на храна.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:зелка
Претходен напис „Тиквеш“ им ги исплати средствата за откупеното грозје на лозарите
Следен напис Времето денеска сончево со умерена локална облачност и јужен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?