Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Со напредокот во преговорите со ЕУ, нашата држава би напредувала и во новите пристапни фондови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Со напредокот во преговорите со ЕУ, нашата држава би напредувала и во новите пристапни фондови
Агровести

Николовски: Со напредокот во преговорите со ЕУ, нашата држава би напредувала и во новите пристапни фондови

Објавено 16/08/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Како напредуваме со преговорите со ЕУ, така нашата држава би напредувала и во новите пристапни фондови. Верувам во вас и знам дека вие ќе го одберете патот на развојот и напредокот, порача денеска од Дебар министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Николовски посочи дека министерството и Владата се силно посветени во остварување на целта земјата да има модерни системи за наводнување, а за ова, како што рече, потврда се и повеќето започнати капитални проекти во делот на водостопанството.

-Во финална фаза од изградбата се браната Конско, која е најголемиот инфраструктурен проект изграден во последните 50 години и изградбата на главниот цевковод Равен – Речица, додека пак, активно се работи на изградбата на браната на Оризарска Река. Само со овие проекти обезбедуваме наводнување за нови 10.000 хектари земјоделски површини, рече Николовски.

Тој потенцираше дека со поддршка и средства на Европската Унија, градат повеќе системи за наводнување низ целата држава – системите за наводнување Славишко Поле, Конопница, Теарце, Чаушица и Пишица, кои се само дел од системите кои веќе се започнати со градба, а следува изградба на уште два нови системи во Сопот и Новаци. Инвестиција е вредна над 10 милиони евра.

-Значаен дел за развојот на македонското земјоделство е и ИПАРД програмта, каде сега со новата програма добиваме 97 милиони евра неповратни средства од Европската Унија наменети за модернизација на македонското земјоделство, рече министерот.

Според Николовски, „како напредуваме со преговорите, така нашата држава би напредувала и во новите пристапни фондови“.

– Пред нас се важни моменти за одлука, за да знаете да имате на ум колку е важно да не се поместиме, ниту вратиме назад од Европскиот пат. Ние како Влада го нудиме тој пат, кој значи развој и напредок, кој значи иднина. Од другата страна нудат блокади, тапкање во место и откажување од сите овие можности за вас граѓаните. Верувам во вас и знам дека вие ќе го одберете патот на развојот и напредокот, порача Николовски. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:владаеумзшвминистерствосубвенции
Претходен напис Македонскиот амбасадор во НАТО, Талески ја посети компанијата „Везешари“ – можностите за економска соработка и пласман на производи и услуги на НАТО силите се големи
Следен напис Николовски: Го реконстуираме и повторно го ставаме во функција системот за наводнување Дебарско Поле
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?