Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Со измените во законот за стокови резерви го градивме оризот во листата на статешки култури за државата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Со измените во законот за стокови резерви го градивме оризот во листата на статешки култури за државата
АгровестиПазари

Николовски: Со измените во законот за стокови резерви го градивме оризот во листата на статешки култури за државата

Објавено 10/04/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нашето македонско бело злато, оризот, го вградивме во листата на статешки важни култури за државата. Исполнивме уште еден даден збор пред земјоделците. Измените во Законот за стокови резерви овозможуваат оризот, да биде опфатен како производ од исклучително значење за населението и се создаваат услови за негово чување како стоковни резерви, во вид на оризова арпа, истакна министерот Љупчо Николовски при денешната посета во Чешиново.

Измената на законот следува како предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со што оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата.

Министерот Николовски нагласи дека ваквиот предлог произлегува од Националниот план за производство на храна, значаен документ што министерството за земјоделство го подготви уште во 2022 година, но и Националната Стратегија за земјоделството и руралниот развој за периодот 2021-2027 година, каде е предвидена мерка „Помош за складирање на производи“.

Измените во Законот за стокови резерви се веќе донесени од страна на Собранието, после скоро една година, неразбирлива блокада во Собранието.

Оризот е наша важна, традиционална житна култура во нашата држава. Нашата поддршка, кон оризопроизводителите, сме ја докажале на дело.

„Од оваа година оризопроизводителите, како и сите други земјоделци добиваат 100% зелена нафта. Субвенциите кон оризопроизводителите ги зголемивме за 300%. Обезбедивме поддршка кон производителите на ориз во набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз и сушари за ориз. Бележиме добра цена на оризовата арпа, која оваа година достигнува и до 40 денари по килограм. Извозот, пак на ориз во 2023 година, достигна вредост од над 7 милиони евра девизен прилив“, истакна министерот Николовски.

Оризарите како и другите земјоделци, минатата година, за прв пат добија авансна исплата на дел од субвенциите, а навремено се исплатени и сите дополнителни субвенци, додаде министерот Николовски. Минатата недела реализирана беше исплатата кон 9.055 полједелци во вредност од 257,9 милиони денари.

Министерот Николовски при разговорите со оризопроизводителите информира дека и оваа година навремено ќе започне сезоната за наводнување. Системите се подготвени и веќе од оваа недела започнуваме со наводнување, истакна министерот Николовски.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:ЗаконотизменитеНиколовскиоризотрезервистатешки култури
Претходен напис Николовски: Игор е сопственик на ЕКО ЗРНО, радува тоа што оваа компанија е и корисничка на средства од ИПАРД програмата и е компанија со европски стандарди
Следен напис Од извоз на зелка мината година фантастични 29.9 милиони евра, со просечна цена од 0.47 евра за килограм
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?