Внимателно ги слушам земјоделците на терен, но и со факти зборувам.
Сите откупувачи на тутун ги доставија анексите со новата зголемена откупна цена од 365 денари.
На терен откупот се одвива непречено.
Започна исплатата на субвенциите за сточарско производство. Дадениот збор го исполнивме.
Сите земјоделци од оваа година добиваат 100% поддршка за зелена нафта.
До 1.955 јаболкопроизводители исплатени субвенциите за предадени јаболка во регистрирани откупувачи или преработувачки капацитети за период 2022-2023 година, во вредност од 203,3 милиони денари.
Со чист образ пред земјоделците. Се што е ветено е исполнетo, напиша на социјалните мрежи министерот Љупчо Николовски.
