Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски – Шинко: Унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји преку реализација на проекти од Акцискиот план за соработка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски – Шинко: Унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји преку реализација на проекти од Акцискиот план за соработка
Агровести

Николовски – Шинко: Унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји преку реализација на проекти од Акцискиот план за соработка

Објавено 19/08/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, деновиве е во службена посета на Република Словенија и ќе учествува на 60-тото издание на еден од поголемите и позначајните меѓународни саеми за земјоделство и храна во централна Европа – AGRA FAIR 2022,
кој се одржува во Горна Радгона.

Во рамки на посетата, министерот Николовски оствари билатерална средба со словенечката министерка за земјоделство, шумарство и храна г-ѓа Ирена Шинко.

На средбата беше разговарано за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји преку реализација на проекти од Акциониот план за соработка меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија и Министерството за земјоделство, шумарство и храна на Република Словенија, за периодот 2021-2024 година.

Република Словенија обезбедува значајна техничка поддршка за приближување на законодавството на ЕУ во областа на земјоделството и руралниот развој. Словенечки експерти и консултантски фирми учествуваа во голем број проекти финансирани од ЕУ во рамките на ИПА и Твининг проекти и други проекти од донатори (ФАО). Исто така, Република Словенија обезбедува значителна поддршка и во рамките на Билатералната програма за Северна Македонија, преку која беа спроведени голем број активности насочени кон зајакнување на административниот капацитет на македонските институции (МЗШВ, Платежна агенција, Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството, итн.).

Текстот на Акциониот план за соработка 2021-2024 помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија и Министерството за земјоделство, шумарство и храна на Република Словенија е договорен и потпишан во ноември 2021 година, за време на 15. министерски состанок во Тирана, Албанија на претставници од двете министерства. Овој Акционен план опфаќа активности за соработка за поддршка на здруженија на млади земјоделци, рурално кредитирање, словенечко искуство во кофинансирање на ИПАРД проекти, потреби за формирање гарантен фонд и имплементација на нови рурални кредитни модели како и размена на практично искуство за примена на агроеколошки мерки, размена на искуства за воспоставување информациски систем за земјоделско знаење – АКИС и друга соработка.

Освен соработката во секторот земјоделство, министерот Николовски и министерката Шинко разменија мислења и за стручна поддршка од Словенија во процесот на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Во рамките на АГРА 2022, Република Северна Македонија ќе има организирана презентација на национален изложбен простор од областа на земјоделството, и економијата. Ќе бидат презентирани и можностите за инвестирање во развој на бизниси, особено продлабочување на соработката со Словенија, но и соработката со соседните земји и земјите од регионот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Николовскисловенијашинко
Претходен напис „Форест Фест” викендов по шестипат во Малешевијата
Следен напис Македонските вина и традиционални земјоделски производи претставени на саемот АГРА 2022 во Република Словенија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?