Министерот за земјоделство, шумарстви и водостопанство, Љупчо Николовски, соопшти дека се подготвува национална стратегија за развој на винарството и лозарството.
„Заедно со стручната јавност, здруженијата на земјоделци и винариите за прв пат подготвуваме Национална стратегија за развој на винарството и лозарството.
-Модернизација на винскиот сектор и развој на наш домашен вински бренд.
-Зголемување на лозовите насади, подобар квалитет и заштита од климатски промени.
-Силна меѓународна промоција за уште поголем извоз на македонското вино и развој на винскиот туризам.
Пред нас си поставуваме големи и реални цели за развој на овој сектор во следните десет години. Наш приоритет е македонското вино да биде надалеку прочуено, по својот квалитет, вкус и традиција.“, рече Николовски.