Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Преку модерно земјоделство можеме да ја постигнеме целта за поголеми количини храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Преку модерно земјоделство можеме да ја постигнеме целта за поголеми количини храна
Агровести

Николовски: Преку модерно земјоделство можеме да ја постигнеме целта за поголеми количини храна

Објавено 23/06/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Подготвен е Национален план за производство на храна, преку кој го поддржуваме домашното производство на храна. Од оваа година, преку седум нови програми за поддршка, обезбедивме грантови до 10.000 евра за развој на малите производители на храна и пијалоци, поддржувајќи ги во набавка на опрема за производство, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој учествуваше на Меѓународниот самит „Зелена Транзиција – Централна и Источна Европа“ во Софија.

Николовски ги презентира мерките што Министерството ги креира за поддршка за домашното производство преку Националниот план за производство на храна и програмите за поддршка на малите индивидуални земјоделци, со цел обезбедување на доволни количини храна, достапни за граѓаните.

Како што посочи,Северна Македонија била единствената земја во регионот која подготвила Интервентна програма за поддршка на земјоделците во услови на тешка светска криза.

-Најзначајна мерка од Интервентната програмата беше поддршката до 40 отсто при набавка на вештачко ѓубриво за производителите на житни култури. Оваа мерка даде одлични резултати, ја искористија повеќе од 12.000 земјдоелци, остваривме зголемен принос на житни култури, со многу поголем квалитет. Во таа насока, Интервентната програма ја продолживме и оваа година со дуплиран буџет, каде имаме отворена програма, за да можеме во секое време каде ќе се појави потреба од интервенција да биде креирана интервентна мерка за поддршка на земјоделците, истакна Николовски.

Додаде и дека преку иницијативата „Отворен Балкан“ се отворија трговските текови, задржувајќи ја регионалната стабилност и економскиот развој на трите држави членки на оваа иницијатива.

– Државите во светот се соочуваат со многу предизвици при креирањето на земјоделската политика. Соочувањето и решавањето на овие предизвици влијае на земјоделското производство и бара заеднички напор и комбиниран пристап на подобрено управување со природните ресурси, истражување и иновации, поддршка на малите земјоделци и негување директни односи меѓу земјоделците и потрошувачите. Овој пристап не само што ги зајакнува локалните економии, туку и го подобрува пристапот до свежа, хранлива и безбедна храна за сите граѓани, се наведува во соопштението од Министерството за земјоделство.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:ЗемјоделствоНиколовскихрана
Претходен напис Сончево и топло, викендот дожд и пад на дневната температура
Следен напис Аплицирајте за директни плаќања за обележани грла кози постари од 12 месеци  
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?