Вчера се одржа координативен состанок на раководителите на подрачните единици пред почетокот на аплицирањето за субвенциите од 2023.
„Подготвени сме за стартот на новиот модел за субвенционирање, како и авансна исплата на субвенциите. Оваа година ппдготвивме и повеќе нови мерки за поддршка за земјоделците, а први во регионот ја запончуваме и ИПАРД 3 програмата. Наша обврска е секојдневно директно на терен да ги информираме и мотивираме сите земјоделци за секоја можност која им се става на располагање.“, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
