Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Поддржани 26 активности на Националната рурална мрежа за информирање и обука на земјоделците со мерките од програмата за рурален развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Поддржани 26 активности на Националната рурална мрежа за информирање и обука на земјоделците со мерките од програмата за рурален развој
Агровести

Николовски: Поддржани 26 активности на Националната рурална мрежа за информирање и обука на земјоделците со мерките од програмата за рурален развој

Објавено 24/11/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска додели 26 договори за поддршка на предлог активностите на Националната рурална мрежа, одбрани преку Јавниот повик за аплицирање по мерка 3 “Активности на Националната рурална мрежа” од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година. Активности кои треба да допринесат во спроведување на Акцискиот план на Националната рурална мрежа за период 2023-2027 година.

„Нашата идеја за формирање и заживување на Националната рурлана мрежа станува реалност. Први во регионот ја формиравме Националната рурална мрежа, остваривајќи ги нашите цели, да создадеме тело, кое ќе помогне во креирањето, информирањето и спроведувањето на Националната програма за рурален развој, поттикнувајќи нови иновации и мерки во земјоделството и производството на храна, како и одржливиот рурален развој. Среќен што после точно 10 години, или поточно од октомври 2012 година, кога се донесени законските одредби, со кои се воспоставува Националната рурална мрежа, во 2022 година, конечно го ставаме во функција и овој механизам, кој државата го нуди за уште поголема вклученост на сите чинители, за заедно да ги крираме политиките во земјоделството и руалниот развој“, истакна во своето обраќање министерот Николовски.

Економско зајакување на жената од руралната средина, обуки на фармери за примена на зоотехнички мерки, обуки за обезбедување козарско производство во руралните области, обуки за безбедна храна на малите рурални производители на храна, потоа активности за важноста на руралниот туризам, вклучување на младите во земјоделството преку мерката 112 за започнување со земјоделска дејност и повеќе студиски посети за стекнување на нови искуства и вештини, се само дел од активностите кои се поддржуваат преку овој јавен повик. 

„Верувам дека преку овие активности сите вие заедно со Националната рурална мрежа ќе придонесете во уште поголемо информирање на земјоделците корисници на мерките од Националната програма за рурален развој“, истакна министерот Николовски.

Главната цел на Националната рурална мрежа е преку своите активности, да придонесе за уште поголемо информирање на земјоделците корисници на мерките од Националната програма за рурален развој, за сите можности, кои им се ставаат на располагање. 

За овој период кон Националната рурална мрежа се зачленети 371 член, поделени во четири организациски групи, односно јавен сектор, правни лица, граѓанскиот сектор и локалните акциски групи. 

Националната рурална мрежа дејствува во сите рурални подрачја, на целата територија на државата, со цел да се подобрат условите за целосен и рамномерен развој, зголемување на квалитетот на животот на секој поединец, по пат на вмрежување и создавање на партнерства. Мрежата се воспоставува по европски терк, со целосна вклученост на членството во нејзиното управување. Членувањето во Националната рурална мрежа е доброволно и бесплатно за сите граѓани, кои вршат одредена дејност во руралните средини, за сите компании, за сите органи на јавниот сектор и за сите други облици на организациона форма, кои делуваат во оваа област. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:активностиземјоделцитеНационалната рурална мрежаНиколовски
Претходен напис Облачно со појава на магла и со слаб ветер од јужен правец
Следен напис Одлична можност за селските домаќинства – што е Рурален туризам?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?