Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Планот на МЗШВ е низ државата да бидат засадени минимум 1,8 милион дрвца
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Планот на МЗШВ е низ државата да бидат засадени минимум 1,8 милион дрвца
АгровестиШумарство и водостопанство

Николовски: Планот на МЗШВ е низ државата да бидат засадени минимум 1,8 милион дрвца

Објавено 15/06/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во третата еко-акција „Генералка викенд“ што од 12 до 14 мај 2023 се одржа на 304 локации во 51 општина и во Националниот парк Шар Планина, се собрани 252 тони отпад. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ја нарече акцијата „импозантна и благородна“ за чистење на земјата од отпад и соопшти дека меѓу целите за оваа година им е зелената транзиција односно за секои 10 килограми отпад да се засади едно дрвце.

Планот на МЗШВ, рече Николовски, е низ државата да бидат засадени минимум 1,8 милион дрвца – за секој жител во земјава од последниот попис.

-За оваа есен имаме 400 хектари подготвени. Потежок дел од работата е како да ги лоцираме и како тоа стручно да биде направено. Ги мобилизиравме сите стручни капацитети, со цел по неколку години да ги знаеме точните ефекти од ова што го правиме, тоа да не биде популистичка или импровизирачка активност, туку да имаме јасна цел. Ќе продолжиме со поддршка на оваа активност, со онолку дрвца колку што ќе биде потребно на секои десет килограми отпад, рече Николовски.

За иницијативата, рече, им требаат многу партнери и ги покани сите што сакаат да се вклучат оваа година. Како што соопшти, МЗШВ веќе има произведено 800 илјади садници.

-До есента нашиот план за производство е уште ден милион садници и планот е за секој жител од последниот попис да засадиме едно дрвце низ државата.

Еден милион и 800 000 дрвца ни е минимум зададен таргет да ги засадиме. Работиме на обезбедување површини – по текот на реката Вардар, на сите оголени и опожарени површини итн. Овие садници ги посветуваме на новата шума Сончева Гора, која ќе никне оваа есен.
Пошумувањето значи создавање на нов живот, ќе никнат уште многу сончеви гори., додаде Николовски.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:генералка викендниколовски
Претходен напис Во „Генералка викенд 2023“ собрани 252 тони отпад
Следен напис И утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?