Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Ова е време во кое треба да им се помогне на граѓаните
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Ова е време во кое треба да им се помогне на граѓаните
Агровести

Николовски: Ова е време во кое треба да им се помогне на граѓаните

Објавено 12/05/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Не е време за блокади, ниту за предвремени избори. Ова е време во кое треба да им се помогне на граѓаните“, порача денеска во Битола министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Министерот на прес-конференција потенцира дека над 30 законски решенија се во собраниска процедура и сите, како што напомена, се од интерес за земјоделците.

-Политиката и партиите треба да се надвор од земјоделските политики зашто се соочивме со многу кризи и војна на нашиот континент и затоа не е време, ниту треба да стане збор за предвремени избори, рече Николовски.

Тој потсети дека во 2020 година се зацртани политики кои до 2024 треба да дадат резултати.

-Ние креиравме законски решенија и очекуваме Собранието итно да ги изгласа законите од интерес на земјоделците, односно веднаш да биде донесен Законот за земјоделство и рурален развој и измените преку кои што ќе може да почне исплатата на тутнарите и на сите останати земјоделци сврстени во програмата за 2022 година. Тутунарите ги чекаат субвенциите, платежната Агенција ги подготви Решенијата, а Законот е блокиран во Собранието, а треба да се донесе и веднаш да почне исплатата на субвенциите. Во собранието се и измените на Законот земјоделство и рурален развој каде се овозможува кофинансирањето на зелена нафта може да биде до 100 проценти. Исто така сакаме да ја распишеме Мерката за млади земјоделци за 20.000 евра грант со што ќе ги мотивираме младите да останат тука, а не да се исселуваат и да го спречиме тој тренд кој непознава партии. Сакаме да промениме политики во делот на доделување на земјоделско земјиште кое ќе биде над 10 хектари, а сакаме да почнеме со исплата на субвенции во оваа календарска година за програмата, нешто што не се случило во изминатите 15 години, и затоа поднесовме измени во законот за авансно исплаќање, рече Николовски.

Може да ви се допадне

ФАО: Здравата храна е поскапа во Европа поради субвенциите на ЕУ за земјоделството
Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство
Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
Таг:Николовски
Претходен напис Мазутот поевтинува за еден денар, цените на бензините и дизелот остануваат исти
Следен напис Времето денеска сончево и топло, викендов пороен дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?