Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Оризот не е во мерките од интервентниот фонд за набавка на ѓубриво, но очекуваме да влезе во стоковите резерви
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Оризот не е во мерките од интервентниот фонд за набавка на ѓубриво, но очекуваме да влезе во стоковите резерви
Агровести

Николовски: Оризот не е во мерките од интервентниот фонд за набавка на ѓубриво, но очекуваме да влезе во стоковите резерви

Објавено 16/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски при денешната работна посета на кочанскиот оризопроизводствен регион, нагласи дека иако оризот не е влезен во интервентните мерките за поддршка при набавка на вештачко ѓубре, се планира да се вклучи во државните стокови резерви како помош на земјоделците во пласманот на произведените количини.

-Владата ја донесе програмата за усвојување на интервентниот фонд од околу 7 милиони евра и во овие мерки се опфатени пченицата, пченката, јачменот и сончогледот. Оризот не спаѓа во делот за набавка на ѓубрива, но се креираат нови мерки за поддршка. Наш предлог до Министерството за финансии, што веќе е пријавен, е оризот да влезе како стратешка култура во набавката на стокови резерви и верувам дека тие законски измени наскоро ќе бидат направени, изјави Николовси.

Преку програмата за директна поддршка, како што рече, дополнително интервенираме кај откупната цена на оризовата арпа, односно рокот за поддршката од три денари за продаден килограм е продолжен до јуни годинава. Исто така, за 300 проценти ги зголемивме субвенциите во делот за поддршка на оризопроизводството, помошта со „зелената нафта“ останува во сила и понатаму, а ќе продолжиме да ги следиме случувањата на пазарот и доколку се јави потреба, со дополнителни мерки од интервентниот фонд, ќе им помогнеме на земјоделците од регионот, истакна министерот Николовски.

Може да ви се допадне

Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места низ градот се дели пакувана вода за пиење
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателката на Индија
Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Таг:законизјавиземјоделцимзшвНиколовски
Претходен напис Николовски: Хидросистемите се подготвени и ги ставаме во функција, предвремено ја започнуваме сезоната за наводнување
Следен напис Доворно производство: Фабрика за чипс од Кравари – Битола бара кооперанти за одгледување на компир, условите се одлични!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?