Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Одлуката за забрана на извоз на пченица од Србија нема да важи за нас и за земјите од регионот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Одлуката за забрана на извоз на пченица од Србија нема да важи за нас и за земјите од регионот
Агровести

Николовски: Одлуката за забрана на извоз на пченица од Србија нема да важи за нас и за земјите од регионот

Објавено 09/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На прес-конференцијата на премиерот Димитар Ковачевски, присуствуваше и министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, кој одговараше на новинарски прашања.

На прашањето како ќе влијае забраната за извоз на пченица од Србија на нашата земја, министерот Николовски рече дека од кабинетот на Владата на Србија добил потврда дека тоа нема да важи за договорените, количини на пченица што се потребни во нашата мелничка индусртриј.

„Претставници на кабинетот на Владата на Србија потврдија дека Србија утре ќе донесе соодветна одлука, меѓутоа се потврди дека таа нема да важи за договорените, потребните количини на пченица што се потребни во нашата мелничка индусртрија, односно дека одлуката нема да важи за регионот и се испрати повторно порака на смиреност. Имаме доволно залихи, 45.000 тони пченица, над 10.000 тони пченка, околу 9.000 тони јачмен затоа што имаме одлично домашно производство. Ги споредивме сите информации со останатите министри од регионот и добивме уверување од претставниците на Србија дека ќе се грижат како ние, така и тие за обезбедување на неопходните продукти, во овој случај пченицата и останатите житни култури за целиот регион“, рече Николовски.

На прашањето дали по интервенирањето за пченицата се размислува истото да се направи и за другите производи, односно за овошјето што се извезува во Русија и Украина, Николовски рече дека извозот во Русија и Украина е со помал обем.

„Министерството заедно со сите сектори ги прави сите анализи за бројките, односно производите кои последните години се извезуваат во Украина и Русија. Се работи за извоз со помал обем, во Украина 0,6 и околу 1 процент во Русија од вкупниот извоз на земјоделско-прехранбените производи. На време, заедно со сите останати мерки ќе излеземе и ќе бидеме тука за сите категории на земјоделски производители за да обезбедиме сигурен пласман. Сите анализи се прават и верувам дека сите разговори ќе вродат со плод, а дополнително Владата во следниот период ќе размислува и за другите интервентни мерки во делот на земјоделството“, одговори Николовски.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:Николовски
Претходен напис Комитет за финансиска стабилност: Денарот е стабилен
Следен напис Владата со пакет од 26 мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и зачувување на ликвидноста на компаниите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?