Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски од Штип: Интервентниот фонд ќе се прошири со нови мерки, обезбедуваме субвенции за набавка на вештачко ѓубриво и за пченка, сончоглед и ориз
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски од Штип: Интервентниот фонд ќе се прошири со нови мерки, обезбедуваме субвенции за набавка на вештачко ѓубриво и за пченка, сончоглед и ориз
Агровести

Николовски од Штип: Интервентниот фонд ќе се прошири со нови мерки, обезбедуваме субвенции за набавка на вештачко ѓубриво и за пченка, сончоглед и ориз

Објавено 26/03/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Интервентниот фонд ќе се прошири со нови мерки, обезбедуваме дополнителни субвенции за набавка на вештачко ѓубриво и за сончоглед, пченка и ориз, ова денеска го најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на средбата со земјоделците во Штип. Министерот порача дека сите механизми и мерки се ставени во функција на обезбедување на одржливо земјоделско производство и стабилност на храна.

„Субвенцијата за набавка на вештачко ѓубриво за сончоглед, пченка и ориз се планира да биде 3.000 денари, а измените на Програмата за интервентен фонд ќе бидат предложени од страна на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на следната владина седница. Во ова време на глобална економска криза навремено и неселективно даваме финансиска поддршка за земјоделците, им помагаме кога е најпотребно, да имаат помали трошоци, да можат навремени да ги применат сите агротехнички мерки.И оваа година пред почетокот на новата сеидбена сезона за сончогледот ги исплативме субвенциите, за да можат земјоделците навреме да сеат, за да имаат пари за производствените трошоци. Вчера Платежната агенција исплати исплати над 450 милиони денари субвенции за поледелски култури меѓу кои и за сончогледот и маслодајната репка на вкупно 24.753 земјоделци“, изјави министерот Николовски.

На средбата со земјоделците се разговараше за актуелната состојба, мерките за поддршка на земјоделството и руралниот развој и за предлозите на земјоделците.

Воедно, денеска во Штип министерот Николовски ја посети подружницата на компанијата „Витаминка“, односно фабриката за производство на масло за јадење „Брилијант“ во Штип, која покрива значаен дел од пазарот на масло за јадење во нашата земја. Николовски посочи дека  дека на средбата со потпретседателот на Владата на Србија, Недимовиќ, е договорено и во делот на маслото од сончогледот во следните денови Србија да ја укине забраната за извоз за Северна Македонија.

„Со тоа сите договорени количини на фирмите за рафинирано и нерафинарано масло од сончоглед ќе бидат испочитувани. Домашните капацитети за производство на основни прехранбени производи меѓу кои и маслото за јадење, се ставени во полн капацитет, а мерките кои што беа донесени од Владата имаат за цел да се избегнат ценовните шокови и да се заштитат граѓаните.Затоа Владата ја продолжи и забраната за  извоз на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед, до 15 април, со цел заштита на домашниот пазар“, рече министерот Николовски.

Сопственикот на компанијата „Витаминка“, Симон Наумоски изјави дека од големо значење е укинувањето на забраната на Србија за Северна Македонија за извоз на рафинирано и нерафинирано масло од сончоглед и другите продукти, што ќе овозможи да има стабилност на пазарот на храна за овие производи.

Министерот Николовски изјави дека се дава силна поддршка на развојот на договорното производство, не само за сончогледот туку и за другите земјоделски култури, како најдобро решение и за земјоделците и за откупувачите,  бидејќи на тој начин едните ќе имаат решен пласман, другите сигурна суровина, и крајно поголемо домашно производство, а со тоа и сигурност за граѓаните за основните прехрамбени производи.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:ѓубривоинтервентен фондНиколовски
Претходен напис Туристичката година е критична и неизвесна, оценува бизнис секторот
Следен напис Николовски најави силна поддршка на договорното производство на сончоглед и други култури како најдобро решение за земјоделците и македонскиот аграр
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?