Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски од Оризари кочанско: Производителите на ориз добиваат вода до своите ниви, успешно старува годишената сезона за наводнување со заесни нови 200 хекатари под ориз
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски од Оризари кочанско: Производителите на ориз добиваат вода до своите ниви, успешно старува годишената сезона за наводнување со заесни нови 200 хекатари под ориз
Агровести

Николовски од Оризари кочанско: Производителите на ориз добиваат вода до своите ниви, успешно старува годишената сезона за наводнување со заесни нови 200 хекатари под ориз

Објавено 12/04/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Квалитетен и навремен пристап до вода за земјоделските површини, е клучна за стабилно и конкурентно земјоделско производство. Денеска од селото Оризари, кочанско, најавувам почеток на годинешната сезона за наводнување на земјоделските површини. Оризопроизводителите до своите ниви веќе добиваат вода, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски при денешниот увид во започнувањето на сезоната за наводнување на земјоделските површини.

„Токму затоа нашиот фокус, сите овие години, но и во иднина, е инвестирање во модернизација на во водостопанската инфраструктура, преку реконструкција на постојните системи за наводнување и изградба на нови брани и нови системи за наводнување, до секоја една земјоделска површина“, изјави министерот Николовски.

Од денешниот извршен увид може да се констатира дека подружницата Брегалница е подготвена, Хидросистемот Брегалница и акумулациајта Калиманци ја имаат доволна количина вода, а наводнувањето до оризовите полиња, првично се врши од проточни води на Оризарска река.

„После повеќе години, секое поле, и мало и големо се сеат со ориз, а оваа година површините под ориз се зголемени за повеќе од 200 хектари, со што вкупно се наводнуваат 3.700 хектари под ориз, а заедно со други култури, кој во овој регион се обработуваат достигнуваме до површина за наводнување од 4.200 хектари“, изјави министерот Николовски.

Ваквото зголемување на површините под ориз доаѓа како резултат на успешните мерки, што изминативе години се креирани кон оризопроизводителите. Мерки за одржливо и конкурентно производство на ориз. Зголемени се за 300% субвенциите, оризопроизводителите имаат 100% зголемена поддршка за зелена нафта, во износ од 3200 денари од хектар. Откупната цена на килограм оризова арпа достигна над 40 денари, а вредноста на извозот од ориз достигна 7 милиони евра.

Нашата посветеност во модернизација на водостопанската инфраструктура ја потврдуваме на дело. Реализирајќи го најголемиот водостопанстки проект и по површина и по вредност. Градејќи ги четирите системи за наводнување, кои обезбедуваат вода до 13.650 хектари земјоделско земјиште, а вредноста на проектот е 120 милиони евра. Обезбедуваме вода за земјоделските површини почнувајќи од Велес и Чашка, преку Неготино и Валандово, се до Гевгелија.

Докажавме дека знаеме и можеме подобро. Ја изградивме браната Конско и само ден потоа веднаш ги започнавме активностите за изградба на системот за наводнување Конско во Гевгелија, истакна министерот Николовски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:200 хекатари под оризводанивиНиколовскиОРИЗОризари кочанско
Претходен напис Николовски од Кочани: Од утре стартува повикот за мерката 3 од новата ИПАРД 3 програма
Следен напис Времето денеска ќе биде сончево и топло, до 30 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?