Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски од Кривогаштани: Она што претходно ни беше цел, денеска е успешна приказна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски од Кривогаштани: Она што претходно ни беше цел, денеска е успешна приказна
Агровести

Николовски од Кривогаштани: Она што претходно ни беше цел, денеска е успешна приказна

Објавено 10/03/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска, во Кривогаштани се одржа настан на кој беше промовирана Програмата за поддршка за социјалната сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност и поддршките наменети за земјоделките преку Програмата за мали производители.

Настанот беше органзизиран во соработка помеѓу Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, Министерството за труд и социјална политика,  Општина Кривогаштани и Националната федерација на фармери. Освен министрите Николовски и Тренчевска и градоначалникот Николче Мискоски и претставниците на НФФ, на настанот присуствуваа и повеќе рурални жени, на кои детално им беа презентирани двете нови програми кои ги подготви Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Програмата за мајчинство и Програмата за мали производители.

„Драго ми е што сме денес овде сите заедно и што после неколкугодишна заедничка работа, ние сега разговараме за реализирани ветувања, за остварени цели и за постигнати успеси. Во 2019 –та кога ја потпишавме Декларацијата за подобрување на социјалната и економската положба на жените од руралните средини, рековме дека ќе им бидеме силна поддршка и тоа го остваривме. Она што тогаш ни беше цел, денеска е успешна приказна“ изјави министерот Николовски и појасни дека  жените земјоделки за прв пат во историјата добија право да користат платено отсустсво за мајчинство. Преку посебна програма, финансирана од буџетот на Платежната агенција, жените земјоделки кои ќе оставрат право за користење финансиска поддршка за мајчинство, ќе добијат еднократна финансиска поддршка во износ од 81.000 денари.

Освен оваа програма, пред присутните се промовираше и јавниот повик за продажба од куќен праг кој е во тек и наменет за малите производители. Жените земјоделки се креатори на многу домашни производи, кои потоа можат легално да ги продаваат од праг или фарма, а со финансиката поддршка која им ја нудиме преку новата програма, тие ќе можат да набават нова опрема и да го модернизираат производството. Дневната агенда на министерот продолжи со теренски посети на земјоделки во Крушево, на кои исто така им беа посочени придобивките доколку се регистрираат во АХВ, аплицираат на повикот и добијат грант.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис Исплатени субвенциите за малите земјоделски стопанства
Следен напис Реализирана исплата за произведено и предадено млеко за период од октомври – декември 2021 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?