Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски од Кочани: За 300% ги зголемивме субвенциите за ориз и обезбедивме поддршка на оризопроизводителите за набавка на комбајни за жнеење на ориз
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски од Кочани: За 300% ги зголемивме субвенциите за ориз и обезбедивме поддршка на оризопроизводителите за набавка на комбајни за жнеење на ориз
Агровести

Николовски од Кочани: За 300% ги зголемивме субвенциите за ориз и обезбедивме поддршка на оризопроизводителите за набавка на комбајни за жнеење на ориз

Објавено 22/02/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со државниот советник за рурален развој, Трајан Димковски денеска беа во работна посета на Кочани, каде остварија повеќе средби со земјоделците производители на ориз, добитници на мерката за набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз и набавка на сушари за ориз.

„Ориозот, нашето македонско бело злато, со новиот модел за субвенционирање го издигнавме во листата на статешки важни култури за државата, а за оризопроизводителите креирани се мерки, со кој можат да го модернизираат и олеснат своето производство“, изјави министерот Николовски.

До сега за 300% се зголемени субвенциите за ориз. Со новиот модел за субвенционирање оризопроизводителите добиваат основна субвенција од 6.000 денари по хектар и дополнителна субвенција од 19.000 денари по хектар со употреба на сертифициран семенски материјал, или 12.000 денари по хректар доколку не се употреби сертифициран семенски материјал.

Оризопроизводителите, како и сите други земјоделци, на крајот од 2023 година, на своите сметки авасно ја добија основната субвенција, нагласи министерот Николовски.

Производителите на ориз, преку програмата за руруален развој, имаат на располагање мерка со која можат да набават специјализиран комбајн за жнеење на оризот, или сушара за ориз. Поддршка со која можат да го модернизираат своето производство. Ваквата можност, до сега, ја имаат искористено повеќе од 30 оризопроизводители, набавувајќи специјализиран комбајн за жнеење на ориз.

Македонскиот ориз, како важна култура ја заштитивме од увоз, со предвидена  35% заштитна царина, а го помагаме извозот на македонски ориз. Давајќи поддршка во трошоците за амбалажа на извезен македонски ориз. Висината на поддршката која ја даваме изнесува 2,5 денари за пакување во најлонска амбалажа до 500 грама, потоа 5 денари за пакување во најлонска амбалажа до 1 килограм и 10 денари по пакување во хартиена амбалажа до 1 килограм или по пакување во најлонска амбалажа од 3 до 5 килограми.

Од оваа година, како што ветивме пред земјоделците, поддршката за зелена нафта се зголемува за 100%, а оризопроизводителите сега ќе добиваат зелена нафта во износ од 3.200 денари по хектар.

Постојано, сите овие години, сме на терен меѓу земјоделците, ги слушаме нивните предлози, нивните барања и заеднички креираме мерки. Искрен партнер сме на секој еден земјоделец. Креираме мерки кои даваат резултати и го развиваат македонското земјоделство.

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:300%КочаниНиколовскиОризподдршкасубвенциите
Претходен напис Сончево со мала локална облачност, релативно топло и во наредните денови
Следен напис ЦУК: Изминатото деноноќие имало 31 пожар на отворено
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?