Даваме фер шанса за секој и со конкретни мерки нудиме иднина на младите дома во својата држава, во Македонија. Уше од самиот почеток креиравме две нови мерки со поддршка од 10.000 и 20.000 евра за младите земјоделци, како мотив да започнат и активно да се вклучат во земјоделството. До сега вкупно 838 млади земјоделци успешно ја реализирале поддршката преку двете мерки за поддршка.
Од нив 576 со грант поддршка од 10.000 евра и 262 со грант поддршка од 20.000 евра. Низ сите овие години, од 2017 до денес, преку сите мерки што ги имаат земјоделците на располагање, сме поддржале 2.689 млади земјодлеци, со поддршка вредна 1,5 милијарди денари.
Поддршка во мерките за млад земјоделц, мерката за набавка на педигриран добиток, набавка на трактори, комбајни за жито, сушари и комбајни за ориз, системи капка по капка, силоси, мандри, опрема за тутун, поддршка за пчелни семејства, подигнување на лозови и овошни насади. Само минатата 2023 година, преку мерките за поддршка на малите винарии, малите дестилерии и малите производители на храна, сме поддржале 49 млади земјоделци, кои успешно аплицирале ги реализиарале овие мерки, поддршка вредна 27,7 милиони денари.
Младите добиваат можност за поддршка и преку ИПАРД програмата, во чија реализација сме земја лидер. Па така со ИПАРД 2 програмата сме поддржале 1.212 млади лица, кои успешно реализирале инвестиции вредни над 8 милијарди денари. Младите имаат предност и поголем процент на кофинасирање со ИПАРД програмата, а со новата ИПАРД 3 програма даваме и нова можност за авансна исплата од 50% на одобрената поддршка веднаш по потпишувањето, за сите апликанти.
Имавме визија и покажавме дека можеме, и затоа планираме уште поголема поддршка за младите земјоделци. За 50%, од 10.000 на 15.000 евра, го зголемуваме грантот за поддршка на младите земјоделци, кои сакаат да започнат со земјоделска дејност и дополнително обезбедуваме 40% авансна исплата. Младите земјоделци во првите 5 години од кога го превземаат земјоделското стопанство и се запишуваат во ЕРЗС, добиваат 100% пораст на дополнителните субвенции. Ги продолжуваме активностите за формирање Сојуз на млади земјоделци, како и посебна подсекторска група за млади, со кој во иднина, ќе креираме уште повеќе мерки за поддршка на младиот земјоделец.
Имаме јасен план и посветено сите овие години работиме на него, со конкретни мерки како да ги задржиме младите дома. Мерки прифатени од младите, што даваат резултати. Докажаме дека можеме и дека знаеме како, затоа продолжуваме заедно понатаму.
