Министерот Љупчо Николовски и премиерот Димитар Ковачевски се во дводневна посета на Абу Даби
„Заедно со премиерот Ковачевски, како Владина делегација сме во дводневна посета на Абу Даби. На денешната средба со Мохамед Саиф Ал Суваиди генерален директор на Фонд за развој на Абу Даби, и Калифа Ал Кубаси заменик генерален директор, ги отворивме можностите за инвестирање во нашата земја, инвестиции во областа на агро бизнисот.

Ги посочив можностите за инвестиции во капитални проекти за наводнување, инвестиции во преработка како и реализација на „Зелената агенда“, дигитализацијата, иновациите и современа технологија во земјоделството.
Седуваат состаноци на оперативно ниво на кои ќе разговараме за следните чекори.“, рече Николовски.

