Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Нека е аирлија, рекордни 100 денари по килограм субвенција за прва класа предаден тутун исплатени кон 14.300 тутунари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Николовски: Нека е аирлија, рекордни 100 денари по килограм субвенција за прва класа предаден тутун исплатени кон 14.300 тутунари
Субвенции

Николовски: Нека е аирлија, рекордни 100 денари по килограм субвенција за прва класа предаден тутун исплатени кон 14.300 тутунари

Објавено 11/04/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска на сметките на околу 14.300 тутунопроизводители, исплатени се субвенциите за реколтата 2023 во вкупна вредност од близу 1.5 милијарди денари и тоа за двете мерки, основни и дополнителни директни плаќања или народски кажано субвенции, за договорен и продаден ориентален ароматичен тутун. Ова е досега најголема исплата за поддршка на производителите на тутун, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Минатогодишната реколта тежеше 14.763 тони, а целата количина беше навремено откупена до последниот лист. Тутнот од реколтата 2023 постигна рекорна откупна, од 365 денари по килограм за целокупната количина предаден тутун. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на двете мерки, основни и дополнителни директни плаќања, за договорен и продаден ориентален ароматичен тутун. Оваа реколта субвенцијата за тутун е зголемена за 20 денари за сите три класи на тутун, па така субвенцијата за прва класа предаден тутун, за прв пат до сега, постигна вредност од 100 денари по килограм.

„Ова се рекордни бројки и треба да бидат рекордни! Ние ќе продолжиме да правиме се што можеме за уште посилна поддршка на тутунопроизводството, затоа што тоа е култура која се произведува со многу мака, со вклученост на целото семејството, процес кој долго трае, се произведува на отворено и многу зависи од климатските фактори, што значи дека секогаш постои ризик за ова производство, а на многу семејства ова им е единствениот приход. Затоа и велиме дека тутунот е најмачната работа и треба да биде добро платен“, изјави министерот Николовски.

Македонија има најквалитетен тутун во регионот, а од тутунот државата годишно остварува околу 120 милиони евра девизен прилив и како сектор вработува околу 20 илјади семејства.

„Сето ова, нам ни дава јасен правец, дека треба се повеќе да вложуваме за развој на тутунопроизводството. Ние тоа го правевеме и до сега, а така ќе биде и во иднина. Ги укинавме белите картончиња за откуп, ја укинавме субвенцијата од само 60 денари по килограм за сите класи и креиравме нов модел на скалесто субвенционирање по класи и тоа 80 денари за прва, 70 за втора и 60 за трета, а од оваа година сите ги зголемивме за плус 20 денари, па денес имаме 100 денари субвенција за килограм тутун од прва класа“, изјави министерот Николовски.

Покрај добрата откупна цена, која ја вреднува маката на тутунарите, како министерство креираме и конкретни мерки, што обезбедуваат сигурност на тутунарите и стабилен развој на тутунопроизводството.

Од оваа година, тутнарите добиваат нова мерка, основна субвенција по пријавена површина тутун, од 6.000 денари по пријавен хектар. Преку оваа нова мерка тутунарите се стекнуваат и со право на мерката зелена нафта, со поддршка од 2.000 денари по хектар.

Министерот Николовски истакна дека бројките за тутунот се највисоки до сега, упатувајќи благодарност до сите тутунопроизводители, нагласувајќи дека ова е заеднички успех на министерството и тутунарите.

Може да ви се допадне

Директорот на Царина Николовски: Со месеци работиме на истрага за акцизна стока – нешто на што досега било незамисливо да се работи
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Трипуновски: 25.500.000 ден. за набавка на современа опрема за одгледување на расад на тутун во оранжерии, за Научниот институт за тутун – Прилеп
НЗМ предупредува: Во последно време се засадуваат големи површини со тутун од страна на правни лица и одредени бизнис-групации
Заменик-министерот за земјоделство, Албрим Хоџа садеше тутун!
Таг:100 денариаирлијаНиколовскирекорднисубвенцијатутун
Претходен напис Николовски: Финансиската поддршка за несилки предадени во кланични капацитети во 2024 година изнесува 150 денари
Следен напис Бачовски: Земјоделците навремено ги добиваат заслужените субвенции, обезбедуваме годишна поддршка од близу 150 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?