Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски најави реформи во субвенционирањето во пчеларството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Николовски најави реформи во субвенционирањето во пчеларството
Агровест

Николовски најави реформи во субвенционирањето во пчеларството

Објавено 10/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нов начин на субвенционирање кај пчеларите најави министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Според него, тоа е потребно за професионалните пчелари да добијат поголема поддршка, како и да се откријат манипулациите поради кои има нелојална конкуренција меѓу пчеларите.

-Државата дава сериозна поддршка на пчеларите. Мора да бидеме одговорни со парите на граѓаните, пчеларите да добијат субевцнии. И затоа сега зборуваме за праведен и реален модел на субвенции. Тоа значи дека вистинските пчелари ќе добијат  поголема поддршка и повеќе средства, но мора да ги октриеме манипулациите и злоупотреби што се прават во системот. Здруженијата даваат најдобри предлози и идеи, како да го реформираме и реорганизираме моделот на субвенционирање во пчеларството затоа што се повеќе пари даваме, а се помалку мед гледаме. Така што, мора да ги постигнеме ефектите  со средствата што државата ги обезбедува, изјави министерот Николовски од Тетово каде беше на натпревар за квалитет на мед.

На новинарските прашања кога ќе бидат исплатени субвенции за одгледувачите на овци, Николовски најави дека тие се следни кои ќе ги добијат државните пари.

-По субвенции за говеда и кози, следна исплата која од платежна агенција се дадени налози во Министерството за финансии се за исплата на субвенции за овци. Согласно ребалансот на буџетот, кој комплетно е земјоделски над 3,7 милијарди денари плус, за да се расчистат сите исплати со платежна агенција, договорена е динамика и календар, следни се одгледувачи на овци, рече Николовски.

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски и шведскиот амбасадор Солстром разговараа за унапредување на соработката во земјоделството
Серафимовски: Ќе се УКИНЕ условот висината на субвенциите да зависи од минимум 30% продадено или предадено производство
Министерот Серафимовски на средба со производители и откупувачи на ориз
Министерот Серафимовски оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер
Исплатени 372 201 760 денари СУБВЕНЦИИ на 4284 одгледувачи на ГОВЕДА
Таг:мзшвминистерпчеларствосубвенции
Претходен напис Николовски: Следна исплата се субвенциите за овци
Следен напис И кралските пчели добија нов крал
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?