Министерот за земјоделство Љупчо Николовски и директорот на Платежната агенција Никица Бачовски, денеска посетија неколку капацитети од агрокомплексот кои имаат искористено средства од ИПАРД за модернизација на нивните производство.

При посетатa, Николовски ја потенцираше важноста од програмата ИПАРД за домашниот агрокомплес и најави дека првите два јавни повици за Мерка 1 и Мерка 7 , во висина од 30 милиони евра ќе бидат објавени на почетокот на септември.
-Винаријата “Вардарска Долина Андон”, корисник на средства од #ИПАРД програмата. Со околу 54 милиони денари оваа винарија набавува опрема и го модернизира своето производство. Во тек е последниот јавен повик од #ИПАРД 2 програмата за мерката 3, а на почеток на месец септември веќе ќе започнеме први во регионот со #ИПАРД 3 и првите два јавни повици вредни 30 милиони евра. Верувам дека заедно ќе испишеме уште многу успешни #ИПАРД приказни, и ќе ја задржиме и потврдиме лидерската позиција во искористеност на европските средства – изјави Николовски.

