Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски на министерска конференција во Берлин
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски на министерска конференција во Берлин
Агровести

Николовски на министерска конференција во Берлин

Објавено 24/06/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На иницијатива на германската Влада во соработка со земјите членки на G7 (Група 7), во која членуваат седум држави со најнапредни економии денеска во Берлин ќе се одржи министерска конференција, на која ќе учествува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

На конференцијата, како што соопшти МЗШВ, ќе присуствуваат државниот секретар на САД, Антони Блинкен, министри  на земјите членки на групата Г 7, претставници на Групата на шампиони на Обединетите Нации (GCRG), еврокомесарот за кризен менаџмент, Јанез Ленерчиќ, еврокомесарот за земјоделство, Јануш Војчеховски, претседателот на Светска Банка, Дејвид Мелпас, министрите за земјоделство и економија од многу европски и азиски држави, како и лидери на истакнати меѓународни организации од јавниот и невладиниот сектор од областа на земјоделството и економијата.

Министерската конференција ќе се одржи под мотото „Uniting for Global food security“ и има за цел  преку отвoрена дискусија и размена на искуства да се стигне до заедничко глобално решение како да се обезбеди храна за сите, во услови на воена криза која се случува на европско тло и која директно ја загрозува трговска размена и синџирот на снабдување со храна и енергенси во целиот свет.

Министерот Николовски ќе се обрати пред присутните и ќе даде свое видување на глобалната криза, предизвикана од воениот конфликт кој ја афектираше македонската економија, земјоделското производство, трговската размена и снабдувањето со храна.

Темата на министерската конференција ќе опфати и размена на позитивни резултати од превземени мерки за справување со кризата. Министерот Николовски пред присутните претставници на земји и организции од цел свет, ќе информира за позитивните резултати на Северна Македонија како единствена земја во регионот која воведе Интервентен фонд за поддршка на земјоделскиот сектор и за позитивните резултати во искористеноста на ИПАРД програмата како модел кој придонесе за развој на поволна инвестициска клима за домашни и странски субјекти, што ја маркира Северна Македонија како земја со одлични услови за микро и макро бизниси, особено во земјоделскиот сектор.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:берлинконференцијаНиколовски
Претходен напис Од денеска се воведува делумна забрана за движење во шуми
Следен напис Река од град „течеше“ кај гевгелиско Серменин
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?