
Ловечкото друштво “Елен” од Крушево е едно од подобрите ловни друштва кое постои повеќе од 50 години и брои 330 членови. Голема е честа за мене и мојата сопруга да присуствуваме на ловечка вечер.


Како министерство силно се залагаме за поставување на правите критериуми со кои се дава дивечот на користење. Во таа насока #МЗШВ подготви нов Закон за дивеч и ловство, кој нема да е базиран на издавање концесии за дивеч во ловиштата, туку врз база на критериуми со кои дивечот се дава на користење. Закон со кој се олеснува и забрзува постапката за давање на дивечот во ловиштата на користење. Дополнително во тек е и потпишувањето на концесиите за 43 ловишта во државата, кој ќе им бидат доделени на концесионерите во наредните денови.
Голема благодарност до градоначалникот Томе Христоски и до ловечкото друштво “Елен” за прекрасната организација.

Фејсбук статус на Љупчо Николовски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Напишете коментар