Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Лозарите за Св. Трифун можат на своите сметки да очекуваат вкупна поддршка од 40.000 денари, за дополнителните субвенции и поддршката за претрпена штета
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Лозарите за Св. Трифун можат на своите сметки да очекуваат вкупна поддршка од 40.000 денари, за дополнителните субвенции и поддршката за претрпена штета
Агровести

Николовски: Лозарите за Св. Трифун можат на своите сметки да очекуваат вкупна поддршка од 40.000 денари, за дополнителните субвенции и поддршката за претрпена штета

Објавено 02/02/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со државаниот советник за рурален равој, Трајан Димовски, раководителите на секторите за рурален развој и секторот лозарство, винарство и овоштарство, како и пратениците Панчо Минов, Даниела Колева и Лолита Ристова, денеска остварија средба со земјоделците и лозарите од Кавадари и тиквешијата.

Традиционално пред големиот празник и заштитник на лозарите, Св.Трифун, до сметките на сите лозари ќе бидат исплатени и дополнителните субвенции за 2023 година, како и поддршката кон лозарите за претрпени штети по лозовите насади.

„Лозарите во 2023 година ја добија 30%, или 12.000 денари, авнсна исплата на субвецниите за 2023 година. Традиционално на празникот Св. Трифун лозарите ќе ги добијат и преостанатите дополнителни субвенции или 28.000 денари, а на истиот празник ќе бидат исплатени и 12.000 денари по хектар дополнителна поддршка од претрпени штети по лозовите насади, без селекција и за производтелите на винско и трпезно грозје“, истакна министерот Николовски.

Дополнителната мерка која ја креиравме во 2023 година од 1 денар по килограм за предадено винско грозје, додаде министерот Николовски, до лозарите ќе биде исплатена по целосното завршување со исплатата на основните субвенции.

Министерот Николовски на средбата истакна дека 2023 година беше година на нови можности во македонското земјоделство.

„Во 2023 година стартуваше новиот модел за субвенционирање, и тогаш кога овде пред вас го прзентиравме, реков дека овој нов модел ќе биде поефикасен, побрз со поддршка за секој вистински земјоделец. И тоа се случи. Како ниту една година претходно, субвенциите за 2022 беа во целост исплатени кон сите земјоделци уште пред законскот рок. За прв пат во истата година земјоделците добија авансна исплата на основните субвенции за тековната година. Ова може секој од вас да го потврди, бидејќи тие средства дошле и до вашите сметки“, истакна министерот Николовски.

Министерот Николовски додаде дека нема ништо поубаво и ништо подобро од тоа што може секој еден од вас земјоделците да го погледнам во очи, гордо и без срам дека дадениот збор пред вас е сум го одржале. За нас, како министерство од стратешка важност е лозарството и винскиот сектор, чиј извоз позитивно влијае и во јакнење на домашната економија.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:лозјепарисв трифунсубвенции
Претходен напис Земјоделците ги поздравуваат инвестициите во наводнувањето: Обновена пумпната станица Марена, сигурно наводнување на 2000 хектари
Следен напис Николовски ги презентираше мерките за лозарите 2024: Зголемени субвенции, 100% зелена нафта, поддршка за произведено грозје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?