Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Има доволно средства за дополнителна поддршка во сточарството, за дополнителна поддршка на млекото, за сè за што ќе имаат потреба и земјоделците и сточарите, вели Николовски


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, смета дека Министерството успева во обврската да интервенира за да ги намали трошоците на земјоделците при производство на храна и да го одржи и зголеми домашното производство. Рече дека зависно од потребите и барањата на подсекторските групи, има доволно средства да се интервенира дополнително и во делот на сточарството, за дополнителна поддршка на млекото, за се за што ќе имаат потреба и земјоделците и сточарите.

„Ќе ги следиме цените на влезните елементи во земјоделското производство и имаме одредени намалувања на цените на вештачкото ѓубриво и на други суровини“, изјави Николовски. 

На новинарско прашање дали има простор за намалување на цените на зеленчукот и на овошјето, Николовски посочи дека се исполнува поставената цел и е зголемено производството на сончоглед, на житните и на останатите важни култури.

– Дел од овие клучни култури веќе стануваат извозни култури на државата, тоа е клучна цел и обврска на Министерството, затоа креиравме интервентен фонд, мерки за поддршка како да помогнеме во време на криза на земјоделците при вакви зголемени светски импути на влезните елементи во делот на земјоделското производство, што се случија минатата година. Единствена земја во регионот сме која го воведе Интервентниот фонд, со цел да го стабилизира и зголеми домашното производство. Министерството за земјоделство не регулира цени, туку дава поддршка на земјоделците да се зголеми и одржи домашното производство за да не ни се случи пад на производството во време на криза, рече Николовски, посочувајќи дека Владата на предлог на Министерството за економија со соодветни мерки  и политики носи соодветни одлуки дали ќе има замрзнување на  цените на одредени производи.

Прашан дали МЗШВ има механизам да ги заштити сточарите поради замрзнувањето на цената на млекото од утре, Николовски наведе дека Министерството дава поддршка преку субвенции и други програми на сточарите за зголемените трошоци во производството.

– Единствена земја во регионот сме која воведе интервентен фонд и исплати 10 000 земјоделци за да помогне во производството. Тоа е нашата обврска, да го зголемиме македонското производство на храна во време на криза, а Владата носи одлуки на предлог на Министерството за економија кога има одредени осцилации и проблеми во делот на цената како што досега секогаш интервенираше вклучително и последните неколку одлуки што се донесоа во делот на лебот. Наша обврска е да интервенираме да ги намалиме трошоците што ги имаат земјоделците при производство на храна и да го одржиме и зголемиме домашното производство и во тоа успеваме, рече Николовски, кон учествуваше на презентација на новите мерки за поддршка на малите производители на храна и пијалаци.

Обезбедени се, потенцира министерот, 400 милиони денари. Минатата година поддршката беше во делот на поледелското производство, на житните култури, за да се одржи и зголеми производството, а оваа година, како што рече, зависно од потребите и барањата на подсекториските групи, има доволно средства да се интервенира дополнително и во делот на сточарството, за дополнителна поддршка на млекото и за се за што во тек на годината имаат потреба и земјоделците и сточарите. 

Мар 15, 2023agrotim4
Николовски: Денеска се исплаќаат субвенциите во делот на сточарството, а се подготвуваат субвенциите за тутунотТурција сака Договорот за житарки да биде продолжен на 120 дена наместо на 60 дена

Напишете коментар Откажи одговор

15/03/2023 Агровестиземјоделците, Николовски, поддршка, Сточарите24

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019