Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски апелира пратениците да ги изгласаат законските измени за да се почне со исплата на субвенциите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски апелира пратениците да ги изгласаат законските измени за да се почне со исплата на субвенциите
Агровести

Николовски апелира пратениците да ги изгласаат законските измени за да се почне со исплата на субвенциите

Објавено 31/05/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Одговорно тврдам дека парите за исплата на субвенциите за тутунарите се уште пред три месеци обезбедени во буџетот и стојат неисплатени и за ова не ни е потребен ребаланс. Пари има и доколку денес се донесе Законот за земјоделство и рурален развој, веднаш Платежната агенција ќе започне со подготовка на решенија за исплата. Станува збор за околу 20 милиони евра што веднаш можат да бидат исплатени.“, рече Николовски, кој ги ги повика пратениците да го донесат Законот за земјоделство и рурален развој на денешната собраниска седница.

Според Николовски, кој досега неколку пати апелира до Парламентот да ги донесе земјоделските закони без одлагање, политика имало и ќе има, но тоа никако не смее да биде на штета на земјоделците и граѓаните.

– Зошто се блокира вака битен закон и се одолговлекува неговото донесување кога тоа им штети на над 20 000 тутунопроизвподители кои ги чекаат годинашните субвенции? Ваквата блокада е нешто сосема неодговорно кон тутунарите, но ја одолговлекува и генерално поддршката за земјоделците кои треба да произведат храна. Затоа, наместо да го кажувате својот партиски глас, слушнете го гласот на тутунарите и сите земјоделци. Без одлагање и без партиски говори донесети ги законските измени, рече Николовски.

Министерот сепак очекува дека законските измени денеска ќе бидат донесени.

-Очекувам тоа да се случи и законот да биде потпишан од претседтаелот на Собанието и од претседателот на државата, за од утре, веднаш, да почне реализацијата на субвенциите, потенцира Николовски.

Директорот на Платежната агенција Никица Бачовски дополни дека финансиските средства во висина од 1,3 милијарди денари се обезбедени и може веднаш да се префрлат на сметките на тутунарите, по донесувањето на законот во Собранието.

-Платежната агенција е подготвена тоа да го стори веднаш по донесувањето на Законот. Пратениците да се вразумат, средства има и парите ќе се најдат на сметките на тутунарите по донесување на законот. Очекувам законот денеска да биде изгласан, а ние ветуваме дека веднаш потоа и по објавувањето на законот во службен весник, 1,3 милијарди денари ќе се најдат кај тутнарите. Податоците се собрани и обработени, се чека само исплатата, изјави Бачовски.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:БачовскиНиколовски
Претходен напис Бислимоски порачува дека никој не може со сигурност да предвиди што ќе се случува зимава на полето на енергетиката
Следен напис Општина Дебрца распиша јавен повик за пријавување штети од невремето со град
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?