Денеска во просториите на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Љупчо Николовски го потпиша договорот за спроведување на ортофото снимање.

„Со задоволство можам да соопштам дека го потпишавме договорот за новото ортофото авионско снимање на сите земјишни парцели на целата територија. Ортофото картите изработени од новото авионско снимање се извор на геопросторни информации коишто ќе дадат моментална и најнова слика на целокупниот терен.
Целта на оваа активност е да бидат извршени нови дигитални ортофото карти со највисока резолуција кои понатаму покрај во земјоделството, ќе најдат примена и во областите на геодезија, катастарот, урабанизмот заштитата на животната средина…
За новото ортофото снимање кое очекуваме да биде извршено во тект на јули, во целост се обезбедени средства од националниот буџет на државата во вкупна вредност од околу 26 милиони денари.

Пријавувањето за финансиска поддршка ќе се врши само за онаа парцела на којашто е утврдена употреба за земјоделска дејност на тоа земјиште. Платежната агенција има можност уште во процесот при поднесување на барањата, да врши административни проверки за големината на пријавената површина и за добиениот код за употреба на земјоделското земјиште. На овој начин даваме можност да се намали ризикот од пријавување за финансиска поддршка на земјиште кое не е обработено, што е во согласност со новиот модел на субвенционирање.“, рече Николовски.
