Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Ги повикувам сите заинтересирани оризопроизводители максимално да ја искористат мерката за набавка на специјализирани комбајни за ориз или мобилни сушари за ориз, јавниот повик е во тек
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Ги повикувам сите заинтересирани оризопроизводители максимално да ја искористат мерката за набавка на специјализирани комбајни за ориз или мобилни сушари за ориз, јавниот повик е во тек
Агровести

Николовски: Ги повикувам сите заинтересирани оризопроизводители максимално да ја искористат мерката за набавка на специјализирани комбајни за ориз или мобилни сушари за ориз, јавниот повик е во тек

Објавено 22/06/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски и Трајан Димковски, државен советник за рурален развој во министерството, денеска го посетија семејството Маневи од село Чифлик, кое повеќе од 15 години произведува ориз.

Одговорното креирање и донесување на мерките за развој и модернизација на земјоделството, значи да ги слушате предлозите и потребите на земјоделците, барајќи начини и решенија за истите да бидат имплементирани.

Токму по барање на оризопроизводителите, министерството од минатата година преку програмата за рурален развој започна со нова мерка за поддршка при набавка на комбајни за ориз.  На повикот за поддршка при набавка на комбајн за ориз од минатата година, вкупно аплицираа и склучија  договор 25 оризопроизводители.

Во тек е новиот јавен повик преку програмата за рурален развој за 2022 година, мерка 121.5 за поддршка при набавка на специјализирани комбајни за ориз или мобилни сушари за ориз. Можат да аплицираат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во министертвото. Максималната вредност по корисник е 3.500.000 денари за набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз со сецкалици или мобилни сушари за ориз, водени топови и распрскувачи. Јавниот повик ќе трае до 06. јули оваа година. Како критериум за аплицирање на овој јавен повик е барателот да има минумум производствен капацитет од над 1 хектар површина под ориз. Министерот Николовски при посетата упати повик до оризопроизводителите максимално да ја искористат оваа мерка која сериозно го помага производствениот процес.

“Лично денес при посетата на земјоделското семејство Маневи можев да се уверам и да слушнам директно од нив колку оваа мерка им е од помош. Тие се земјоделско семејство кое повеќе од 15 години одгледува ориз и едни од добитниците на комбајн за ориз преку ланскиот јавен повик. Ги повикувам сите заинтересирани оризопроизводители максимално да ја искористат оваа мерка. Нека го слушнат и видат позитивното искуство од своите пријатели кои веќе добиле комбајн и аплицирајте. Оваа мерка дава голема поддршка во оризопроизводството“ изјави министерот Николовски.

Во рамки на теренските активности министерот Љупчо Николовски заедно со директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски и државниот советник Трајан Димковски, го посетија и Институтот за ориз во Кочани.

Институтот за ориз е дел од Земјоделскиот институт при УКИМ и се занимава со научно истражувачка дејснот посветена на оризот како земјоделска култура. Мерката за набавка на комбајни за ориз како позитивна мерка која го помага процесот на производството беше оценета и од претставниците на Институтот за ориз.

Еден од проблемите кој долго време го мачеше Институот за ориз и неговото дејстување, беше одземеното земјоделско земјиште и недостатокот на кадар. Министерството и Владата во 2020 година успеаја повторно назад и во владение на Институот  да го вратат земјоделското земјиште. Обезбеден е и дополнителен кадар па Инстутутот денес има нови дополнителни три асистенти. Еден од нив е Тоше Јорданов индивидуален оризопроизводител кој минатата година има произведено најголема количина на ориз.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство води грижа и дава поддршка за секој земјоделец. Слушајќи ги земјоделците заедно креираме мерки кои даваат резултати и го развиваат македонското земјоделство.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:комбајниНиколовскиоризопроизводители
Претходен напис Цените на горивата остануваат исти, поевтинува мазутот
Следен напис Европската комисија предлага да се преполови употребата на пестициди до 2030 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?