Утре со почеток од 09:00 часот во хотелот Александар Палас (сала 2) ќе се одржи првата министерска конференција за шумарство – „Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите“.
Домаќин на министерската конференција е министерот Љупчо Николовски, а учество ќе земат Владимир Јоковиќ вицепремиер и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора, Анила Денај министерка за земјоделство и рурален развој на Албанија, Фатон Пеци министер за земјоделство, шумарство и рурален развој на Косово и Мирослав Маринов заменик министер за земјоделство и храна на Бугарија.
Во рамки на министерската конференција министрите ќе одржат министерска тркалезна маса со почеток од 10 часот, каде ќе разговараат за обновувањето на шумите и пошумувањето како стратегии за справување со предизвиците од климатските промени во нашиот регион.