Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: До крајот на годинава лозарите ќе добијат 30% авансна исплата на субвенциите за 2023
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: До крајот на годинава лозарите ќе добијат 30% авансна исплата на субвенциите за 2023
АгровестиСубвенции

Николовски: До крајот на годинава лозарите ќе добијат 30% авансна исплата на субвенциите за 2023

Објавено 14/11/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Преку новиот модел за субвенционирање, лозарите до крајот на оваа година ќе добијат исплата на 30% или 12.000 денари авансна исплата на субвенциите за 2023 година. Додека остатокот од 28.000 денари, ќе им се доисплати во февруари, традиционално како и секоја година за празникот Св. Трифун кога ќе бидат исплатени и овие 12.000 денари по хектар дополнителна поддршка од претрпени штети по лозовите насади. Дополнителната мерка пак од 1 денар по килограм предадено винско грозје ќе биде исплатена на лозарите откако целосно ќе биде завршена исплатата на основните директни плаќања, истакна министерот за земјоделство Љупчо Николовски во своето гостување во Дневникот на МТВ министерот Николовски.

На денешната владина седница, по предлог на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата го прифати новиот закон за вино, кажа министерот Николовски.

„Овој нов предлог закон за вино е на страна на лозарите и решава уште еден проблем на лозарите, а тоа е откупната цена. Па така со новиот закон за вино, за првпат, се утврдува постапка која треба да ја пресмета производната цена на винско грозје по килограм, најдоцна до 15 јули во тековната година и тоа за најмалку две најзастапени сорти. Пресметката на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет, согласно дадена методологија, предвидено е да ја врши високо образовна или научна институција од областа во земјоделството“, истакна во своето гостување во Дневникот на МТВ министерот Николовски.

Новиот закон за вино во целост е усогласен со европските прописи, истакна министерот Николовски, и додаде дека заедно со донесената десетгодишна Национална стратегија за развој на винарството и лозарството 2023-2033, придносесува во поголем развој на овие два значајни сектори, поголема сигурност за лозарите и уште повисоко позиционирање на македонското вино на светската винска мапа.

Министерот Николовски истакна дека денеска подсекторската група за вино и грозје донесе одлука со која се креираат две мерки за поддршка на лозаропроизводителите од последиците кои лозарите ги имаа оваа сезона по лозовите насади како последица од појавата на болести.  

„Уште при бербата во разговорите со лозарите дадов збор дека ниту еден лозар нема да биде оставен сам. Над 4 милиони евра ставаме на располгање како дополнителна поддршка за лозарите преку две мерки за поддршка. Првата мерка е 12.000 денари по хектар за произведено винско и за прв пат трпезно грозје и втората е дополнителни 1 денар поддршка по килограм предадено винско грозје“, истакна министерот Николовски.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:денарилозаримерканиколовскисубвенциихектар
Претходен напис Николовски: Брисел констатира дека македонското земјоделство е на вистинската европска трака
Следен напис Претпладне променливо облачно со магла, попладне дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?