Денес пред членовите на Агро Советот, како највисоко тело во земјоделството, беа презентирани предизвиците за земјоделскиот сектор при евро-интеграцискиот процес.
„Членството во Европската Унија значи нов голем пазар за нашите земјоделски производи, стандардизирани по европски правила, нови фондови за инвестиции и уште поголем развој на земјоделскиот сектор.

Како држава чекориме сигурно на европскиот пат, отворајќи го процесот на преговорите за полноправно членство. Токму кластерот 5 од преговорите се однесува на земјоделството и е еден од најобемните и најважни кластери во процесот на преговарање.
Во таа насока сите ние треба да го дадеме својот придонес за навремено да бидеме подготвени да се натпреваруваме на големиот европски пазар.“, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.


