Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: АХВ е многу позитивно оценета во годишниот извештај на Европската Унија, стандардите за здравје на животните одлично се применуваат и кај нас
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: АХВ е многу позитивно оценета во годишниот извештај на Европската Унија, стандардите за здравје на животните одлично се применуваат и кај нас
Агровести

Николовски: АХВ е многу позитивно оценета во годишниот извештај на Европската Унија, стандардите за здравје на животните одлично се применуваат и кај нас

Објавено 14/10/2022
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот Љупчо Николовски и директорот на АХВ, Николче Бабовски, денеска се сретнаа со д-р Будимир Плавшиќ, регионален директор за Европа на Светската организација за здравје на животните.

„На мое големо задоволство, утрово го започнав со пријателска средба со д-р Будимир Плавшиќ, регионален директор за Европа на Светската организација за здравје на животните. Заедно со директорот Бабовски, имавме можност да слушнеме пофални зборови за нашата ветеринарна служба која е таргетирана како една од најдобрите во Европа.
Господинот Плавшиќ истакна дека АХВ е многу позитивно оценета во годишниот извештај на Европската Унија и дека стандардите за здравје на животните кои се носат во рамките на Светската здравствена организација, одлично се применуваат и кај нас. Со оглед дека болестите не познаваат граници и можат да направат глобални катастрофи, ние продолжуваме да ја шириме соработката со експертите од регионот и пошироко.
Со господинот Плавшиќ разговаравме и за продлабочување на соработката и наша поголема вклученост во телата на Светската организација за здравје на животните. Во таа насока, бевме поканети да учествуваме на Генералното собрание кое ќе се одржи во мај, следната година.“, напиша министерот Николовски по повод средбата на својот фејсбук-профил.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ахвбабовскиНиколовски
Претходен напис Руралните жени – локални хероини во производството на храна
Следен напис Симпозиумот за храна и земјоделство – Употреба на новата технологија за превенција и заштита од пожари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?